Правни прашања

ОБНОВЕНО: Вангеловски упаднал во гевгелискиот суд барајќи одговор за налогот за претрес на Панчевски

објавено:


Фото: Судиите на Основен суд Гевгелија

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски претпладнево упаднал ненајавено во гевгелискиот суд барајќи одговор од претседателката на судот Злата Попова зошто ја потпишала наредбата за претрес на Владимир Панчевски, екс претседател на скопска единица.

СВЕДОК од извори во Врховниот суд дознава дека заедно со Вангеловски, во Гевгелија бил и информатичар кој според записите во АКМИС системот требало да утврди како се движело барањето за претрес на СЈО што го потпишала Попова.

Но, поради ненајавената посета, првично Вангеловски не ја нашол судијката Злата Попова па морал да чека додека се врати од семинар во Струмица, каде што била замината службено. 

На барање на СЈО, минатата недела гевгелискиот суд дал наредба за претрес, што беше оспорена поради надлежноста на судот, но Специјалното обвинителство се повикува на пракса на суд, да бара налог за претрес од непристрасен суд кога станува збор за контрола на друг суд и поради опасноста да се наруши тајната на предистражната постапка.

Но, она што е најспорно во моментов е немањето законска надлежност, бидејќи Јово Вангеловски како претседтел на Врховниот суд не може да прави ревизија на налогот за претрес, со што, на ист начин, грубо ја злоупотребува службената положба и овластување.

Владимир Панчевски, како оштетен во случајот, ако смета дека му се повредени правата во постапката има правни и законски можности да го оспорува налогот и дејствијата преземени по него, а Судскиот совет и Врховниот суд немаат право да знаат детали од барањето за издавање на налогот, бидејќи во оваа фаза, постапката е тајна.

Доколку, при упадот во гевгелискиот суд се запознаат со барањето на СЈО, тие се соочуваат со кривични пријави.

Доколку против судијката и претседател на судот Злата Попова биде покрената постапка пред Советот за утврдување на факти, само тие можат да извршат увид и понатаму да ја водат постапката.

Затоа, упадот на првите луѓе на судството, на кои Владимир Панчевски им беше пулен и го заштитуваа цело време, може да се толкува само како негово заштитување, зашто неизбежна е одговорноста и на Караџоски и на Вангелоски за контрола над АКМИС системот, ако се утврдат злоупотреби од страна на СЈО и Комисијата на Министерството за правда.

Покрај судот, увид во распределбата на предметите по АКМИС системот кој се наоѓа во Врховниот суд може да има и Вангеловски, како и Караџоски, кој токму за скопска единица неколку пати повтори дека направиле увид во системот и немало местење на предмети. 

Но, она што е нај интересно е што во гевгелискиот суд покрај Вангеловски, денеска беше и Зоран Караџоски, претседтел на Судскиот совет. Заедно со него, според информациите на СВЕДОК беа и членовите Влатко Самарџиски и Мери Дика, но тие, наводно биле за да испитаат други сегменти од работата и распоредот во судот, па биле затекнати кога го виделе и претседтелот на Врховниот суд.

Извори од двете тела потврдуваат дека денешното одење во Гевгелија не било договорено меѓу себе, а доказ за тоа е што Јово Вангеловски си заминал пред екипата на Судски совет, која го искористила убавото време и за ручек во Гевгелија.