Истраги

Срѓан Керим и Јана Станисављева на распит во СЈО за злоупотребите во МПМ

објавено:


Поранешните првите луѓе на Медиа принт Македонија (МПМ), управителот Срѓан Керим и директорката Јана Станисављева, се повикани на распит во Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Двајцата треба да дадат исказ во рамки на истрагата што ја води ова обвинителството, откако предметот го презеде од ОЈО Скопје.

Керим и Станисављева треба да одговорат за финансиските злоупотреби во компанијата каде што беа први луѓе, а во чија сопственост беа весниците „Дневник“,„Вест“ и „Утрински весник“.

Обвинителката Лиле Стефанова за овој случај веќе распрашала и поранешни вработени во весниците, подносители на пријавата, а била одземена и документација за овој случај.

Јана Станисављева стана позната во јавноста кога беше објавено дека имала плата од 25.000 евра, во услови кога компанијата била во тешка финансиска ситуација.

Пред Основниот суд Скопје 2, во тек е постапка за стечај врз МПМ.