Вести

Половина судови од утре со вд претседатели, истече и мандатот на Караџоски, нов шеф в четврток

објавено:


Речиси сите поголеми судови од утре ќе добија вд претседтели, до избор на нови претседтели по завршување на претседтелските избори во земјава.

Судскиот совет, на седница утре ќе избира вд претседатели  на следниве судови:

Основен суд Битола со одделение во Демир Хисар;
-    Основен суд Велес;
-    Основен суд Делчево;
-    Основен суд Кавадарци;
-    Основен суд Кичево со одделение во Македонски Брод;
-    Основен суд Крива Паланка;
-    Основен суд Неготино;
-    Основен суд Прилеп;
-    Основен суд Скопје 2 Скопје и
-    Основен суд Штип.

Според досегашната пракса, која никогаш не била козистентна, Судскиот совет некогаш за вд претседтели избирал судии што имаат најголем број поени за својата работа, а не конкурирале за претседтели, а некогаш поставувал вд претседатели и судии кои конкурираат, кои потоа станувале претседaтели, како што беше случајот со скопска апелација и други случаи.

Изборот на претседателите нема да се случи пред 1 јуни, кога во иста тура треба да се избираат судии и за скопска апелација како нај атрактивен суд, за кој се бараат за сега најмалку 6 судии, а во судот до овој момент има празни 16 места, за кои нема распишано дополнителни огласи, надвор од овие 6 места.

За речиси сите судови има повеќе кандидати, освен Кавадарци каде што има еден кандидат за претседател, а тука е и Делчево, суд во кој има само еден судија.

Интересни се судовите во Велес и Скопје 2, каде што сегашните претседатели конкурираат за судии во скопска апелација, а во исто време за скопскиот граѓански суд пријавени се само судии Албанци, бидејќи според „професионалната“ партиско-етничка поделба, скопска двојка треба да ја води Албанец, а скоопска единиица Македонец.

Деновиве се појави видео снимка, тајно снимена во канцеларијата на еден од судиите Албанци, кандидати за претседтел каде што се тврди дека е во интимни односи со стручна соработничка во судот (што делумно се гледа на снимката), а и носеле пресуди за пари! Судот и Судскиот совет не ја искоментирале оваа снимка, ниту пак има поведено некаква постапка против судијата, кој е кандидат за претседтел на скопска двојка.

По изборот на вд претседателите, на седница в четврток, Судскиот совет ќе избира и свој претседател, на местото на Зоран Караџоски. Според сегашните информации, на таа позиција може да бидат избрани удиите Гордана Спиреска или Киро Здравев, а заменикот ќе биде од редот на членовите Албанци. За таа позиција се местел тазе избраниот кандидат, судија од Основниот суд во Куманово.