Вести

Претседателите на 10 судови ќе продолжат како в.д. до изборот на нови, одлучи Судски совет

објавено:


Според одлуката на Судскиот совет, за која гласаа 11 членови, а еден беше против, претседтелите на 10-те судови чиј мандат истекува за 6 дена, ќе продолжат како вд претседтели до изборот на нови, по завршување на претседтелските избори.

Членовите на Судскиот совет се пожалиија дека поради изборите не можат да си ја завршат работата за која се платени, бидејќи не можат да избираат претседтели на судови или судии, иако тие како трета и независна власт не треба да зависат од изборите на другите власти.
Побарале мислење од антикорупциската дали смеат да вршат избор на тие на кои им истекува мандатот, но наместо став, од новите антикорупционери добиле само набројување на законските одредби, за кои, како што велат, ги знаат и не мора Антикорупциска да им ги цитира.

До изборот на нови шефови, Основниот суд во Битола ќе го води Дејан Крстанов, во Велес Александар Шопов, во судот во Делчево останува Миле Георгиев, во Кавадарци Зоран Јосифовски, во Кичево Баки Алили (кој по 2 мандати нема право на трет), со Кривопаланечкиот суд ќе раководи Анкица Димитровска, во Неготино останува Ацо Ангеловски, во ОС Прилеп Јане Тренчевски, во ОС Скопје 2 Илир сулејмани и во Штип Емил Пилатов.

Само членот Владе Богдановски гласаше против сегашните претседатели да се и вд бидејќи не се согласи да им се даде „ан-блок“ поддршка на сите сегашни претседатели.

Гордана Спиреска (лево) или Киро Здравев (десно) можни кандидати за прв човек на Судски, пред изборот најавен за в четврток

И покрај противењето на штипските судии и членовите од Штип во Судскиот совет, Советот одлучи да го делегира судијата на ОС Штип Ацо Тасев до една година да суди во судот во Виница, кој повеќе од 2 месеци е со само еден судија кој судел граѓански предмети и претседателката на судот Васка Петрова, која доаѓа од позиција во штипска апелација и поради тоа може само да шефува, но не и да суди. Затоа, за да функционира еден суд мора да има најмалку тројца судии, а од судовите во Кочани и Струмица има веќе делегирани судии во Берово и Делчево, па остана судот во Штип, од каде што е испратен Тасев, со надеж дека после септември, кога завршува генерација за судии на Академијата, ќе изберат млад судија во Виница, па Тасев би се вратил во Штип.

Судовите во Кочани и Струмиица од каде што има делегирано судии веќе се неажурни, а со вакво разместување и штипскиот суд е на добар пат да стане неажурен, констатираа членовите.

-Не може за судот во Виница да зборуваме како за покојник, ниту да го усмртиме. И законот кој е изгласан, а не е потпишан малите судови не ги правви одделенија, па мора да се најде решение- рече Зоран Караџоски, на кого ова му беше последна седница, бидејќи во четврток ќе се избира нов шеф.

Членовите на Советот потрошија многу време на усогласување на текстот на Извештајот за 2018, за кој Караџоски имаше дилема дали во наловот треба да стои Република Македонија или новото име на државата, кое не било во тој период. Во овој дел изби и кавга меѓу членот Селим Адеми и Караџоски, идејќи адеми го нападна Караџоски дека не ја променил таблата на Судскиот совет, не ги сменил печатите, а истото непочитување го покажал и кон законот за јазиците.