Коментар

Кичевски, какви цигари пушиш, да ти испратам во притвор да не ти е досадно?

објавено:


Кој што правел ттреба да е свесен дека еден ден за тоа ќе сноси последици и да биде подготвен да се соочи и да се носи со нив. Сум се изнагледал во мојата 25 годишна пракса а судски известувач многумина што продефилирале со лисици на раце, што биле судени, осудувани, ослоободуувани!

Обично, за сите нив кој одат во притвор, главниот муабет е какви цигари пушат, за да им се носат за време на посетите!

За никого не сум имал мотив да му се обраќам со тоа „какви цигари пуши“, но овој пат, бидејќи ги помина сите црвени линии, тоа гласно му го поставувам на Зоран Милевски, викан Кичеец или Кичевски, по неговото место на потекло Кичево: Кичевски, какви цигари пушиш, да ти испратам у притвор?

А, еве и зошто:

- Кичевскиов, или какоо и да му е надимаков, го знаев само како еден „пролазен“ лик од времето на ВМРО, како пајташ и поттрчко на Сашо Мијалков, кој зад него скриваше дел од бизнисите. Дел од колегите во едно дамнешно време го пишуваа во „Фокус“ и на портали, и тоа беше се што знаев за овој лик, за кој немав никаков интерес да знам ама ништо повеќе.

Слушнав дека нешто ги префрлил бизнисите од една „фамиилиија“ сега во друга, околуу кланот Заев, но ни тоа не ме заинтересира, зашто ја знам вреденоста на тие наменски ликови.

Но, пред неколку месеци, на крај на 2018 мислам, имав случајна средна со кичевскиот во кафана, која воопшто не мислев дека би била вредна за споменување, ако тој не ја злоупотребеше, па ова моево е само колорит на неговата приказна.

На кафе средбата со член на семејството на сега рекетираниот бизнисмен опфатен со „Империја“ *и јас како Вилма Рускоска и Љубомир Јовески ќе зборувам во шифри делумно), случајно се затекна и Зоран Милевски, кој седел од претходно со две старлети. И ова немаше да биде важно, но Твитер заедницата пишува дека неговата сопруга побарала развод тому поради неговата блискост со БОКИ 13, па оваа информација за неговите вонбрачни излети нема да му наштети ни нему, ниту на старлетите кои немаат право да го посетуваат додека е зад решетки.

Се исплашил човеков да не напишам нешто, а јас стварно ни на крај памет немав да се замарам со неговите швалерски способности, кога, во тој краток муабет од нога, јас одбрусив дека не го знам, а не ни сакам да гии знам кичевчаните, па излезе дека и јас и тој знаеме еден кичевчанец, за кој Милевски ми вели „па мене ми е брат“.

Чудно, велам, мене ми е братучед, ама не знаев дека сте биле браќа! И така, толку беше од таа една и единствена 2 минутна средба, по која стигна и првата „замолница“, да не пишувам нешто за старлетите! Јас ги измерив вака од око да видам колку кила силикон имаат ставено на нив и заборавив и на старлетите и на средбата и на Кичевскиот.

Но, тој не заборавил на мене, па во текот на декември лани, кога објавив дека синот на Катица Јанева, Лазар работи во телевизијата која наводно е на Боки 13, Милевски, заедно со Боки 13, се испотепале да најдат врски кај мои блиски, за јас да сум го повлечел текстот. Катица Јанева седела во кафани и гласно викала дека знае кој од СЈО ми го нарачал текстот, дека тоа била хајла против неа, а во суштина, тоа бил почетокот на реализација на нивниот рекет план како да добијат 8 милиони евра

Ми се јавија повеќе луѓе, но сите ги испратив во мајчина!

Најгрозно од се беше што посегнале по толку нехумани методи, па се јавувале кај доктоеите што ми правеа некоја од седумте операции на кои сум поминал во животов и барале од нив да влијаат врз мене!

Од тука гледам дека биле добри со влијанијава!

Ќе го заборавев и ова нивно лудо излетување, ако не се погодевме во јануари јас и Боки 13 во исто време во иста болница. Кас поради сериозни компликации од кои едвај преживеав,, а Боки од луксус, врзувал желудник за да биде скаб! И тоа самоо ден по репризата на неговото интервју, на кое како на мали деца на главниот уредник на телевизијата и на прогграмската уредничка им раскажуваше како со „пот и мака“ станал газда на телевизија!

Секако, новинарската љубопитност кај мене не издржа, па кога дознав кој ми е комшија во апартман на 5 метри од мене, почнав да го хејтам дека бараше да му се донесе сладолед за појадок, па дека му сметал персоналот што го будел, за журките во апартманот. И, сето тоа Боки многу го нервирало, па повторно го повикал на помош кичевскиот и почнаа нови притисоци да не се знаело каде е Боки! И нормално, неуспешни над мене!

Па, не сум бре јас Катица Јанева, да се разбереме што подлегнувам на влијанија и правам селфи со Боки за да му ги потврдам неговите приказни колку е тој влијателен кај неа.

А, дека бил, нил, бидејќи Боки и Зоки коога рекетирале точно знаеле кога и што ќе преземе СЈО и така успевале во рекетот. Знаеле кој коха ќе биде уапсен, кога ќе се продолжи притвор и слнично.

И, да дојдам до последниот излет на Кичевскиот кон мене, случен пред неполн месец. Лежам јас така пред да ме оперираат во Белград во тамошна клиника, коога еден пријател ми споделува Твитер објава, во која одреден твитерџија, со ник Новинар 007, а се гледа добрп информиран, тврди дека Мелина, сопругата на Милевски и позната како сопственичка на козметичко студио, поднела тужба за развод, наводно поради блискоста на Зоки со Боки, па имало заедничкии кавги по кафулиња и слично.

Јас го споделувам твитер тврдењето и фаќам сеир за блискоста на Боки со Зоки, како и за блискоста на цело раководство на СДСМ па и СЈО на чело со Јанева.

Тогаш, Зоран Милевски го ангажирал кичевчанецот Драган Сиљаноски, бивш фудбалер, познат како македонецот што беше уапсен во Белгија за перење пари преку местење на фудбалски натпревари, да изврши ппритисок врз мене да ја повлечам и ФБ објавата! И Сиљаноски, кого на почетокот на текстов ви спомнав дека Милевски ми го претстави како „ брат“ се обиде на сите можни средства за комуникација, од телефон, вибер, Фејсбук да влијае да ја тргнам објавата.

И, нормално, не сум јас Јанева, не успеа, го блокирав на сите можни комуникации и се чудев кој му е интересот на Кичевскиоов да го брани толку Боки 13.

Но, сега е јасно, милионите им биле заедничкиот интерес, но и позицијата на сведок во СЈО што му ја додели Лиле Стефанова во тој предмет, а пред која, како што ми тврдат од СЈО, Зоки Кичевски тврдел работи и во време кога не бил роден, пропеал се, набедувајќи ги Сашо Мијалков и Орце Камчев.

Сега Зоки Милевски, алијас кичевски е во притвор. Искрено, немав намера да се занимавам со него, но кога го видов синоќа како поминува покрај мене пред суд со лисици на раце, не можев да одолеам да прашам што цигари пуши? Ветувам, ќе му пратам по адвокатката Сања Алексиќ која го брани, како поздрав од мене. за неговата упорност да влијае врз мене!

Ама, како што ви реков, не сум јас Катица Јанева!При последниот обид да ме замолчат, ноќта од 1 до 4  утрото имав над 30 повици, кои уште поинтензивно продолжија и на денот на мојата операција од еден куп телефони.

Сега Зоки и Боки кои рекетирале во име на Катица Јанева се во 30 дневен притвор. Знаејќи колку се мажи, убеден сум дека ќе пропеат и ќе кажат кој колку пари добил од земените 1.5 милиони евра. Затоа, чекајте апсење и на Катица Јанева. Оставката не ја спасува, а падот на Јанева која ја урна вербата во некаква правна држава и владеење на правото е чекор кон паѓање на Владата на Заев и распишување на предвремени избори.