Вести

Судијки со скапи ташни на црвениот тепих на Боки 13 - кај кого уживаше заштита?

објавено:


Мери Дика Георгиевска, судијка на Апелациониот суд во Скопје, е меѓу топ фаворитите на Боки 13, со кои покрај Катица Јанева можел та се пофали и се фаллел.

Дика Георгиевска и нејзината сестра Агапи Дика, вработена во скопскиот суд се на безброј фотографии со Боки 13 или со неговаѕа мајка.

Агапи претседавала со Собранието на Меѓународниот сојуз, а судијката Дика Георгиевска, покрај на црвениот тепих, каде што носи скаппи ташни, се гледа и на слики со мајкта на Боки 13, која на предлог на СДСМ беше ставена за член во Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, на личен предлох на Александар Кирацоски, како шѕо пишуваа медиумите.

Јовановска и Мери Дика се сликани по хотели низ Европа, за што може да видите фотпграфии, во кои едно ноќевање со појадок чини над 500 евра за лице.

Сите патишта водат кон сомнеж дека и овие патувања, скапи хотелли и подароци се плаќани од парите добиени со рекет и изнуда.

Влијанието со кое тргувал, Боки 13 го остварувал со постирање на фотографии и друштво со политичари, речиси цел врв на СДСМ, судиии и обвинители, за на бизнисмените да им ја продава приказната за неговото влијание.

Интересно е што Ноки 13 го брани адвокатката Светлана Савиќ. која го застапува и Драган Павловиќ Латас во постапките кои ги покрена СЈО. Савиќ и беше адвокатка и на Анета Кочишки на која и се судеше во случајот со А1 телевизија, а е во сватовски односи со Кочишка, програмска уредничка во 1 ТВ, па тука треба да се бара и линкот за ангажираниот адвокат.

Зоран Милевски, кој е притворен заедно со Боки 13 пак го брани Сања Алексиќ, која се јавува како адвокатка на Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и други ликови од раководството на ВМРО, обвинети во предметите на СЈО.