Вести

ЕКСКЛУЗИВНО: Судски денеска ќе го разреши Вангеловски за да ја заборавиме Катица Јанева

објавено:


Власта му наложила на Судскиот совет денеска да го разреши претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, за да го сврти на друга страна скандалот со Катица Јанева и рекетот што го зел во нејзино име нивниот пулен Боки 13, кој од вчера е во притвор.

Владејачките партии пресметале дека со новиот член на Судски, кадар на ДУИ а со потпис на Стево Пендаровски, може да се разреши Вангеловски.

Точката е ставена на дневен ред, па прво Лидија Каначковиќ ќе го презентира извештајот за одговорноста на Јово Вангеловски, по што ќе се гласа за негово разрешување.

Покрај оваа одлука, се очекува Судски на денешната седница да постави и вд претседател, кој како што се калкулира ќе биде од редот на судиите Албанци.

Судски совет цела година го „квачеше“ извештајот, кој бил два пати менуван и сега е утврдена одговорност што ќе значи и разрешување.

Скандалот со Катица Јанева ја забрзал работата бидејќи владините пиарџии оцениле дека на тој начин ќе ја амортизираат рекет аферата на Боки 13 и Катица Јанева. Седницата ќе биде затворена за јавност.

Саше Димовски