Вести

Катица Јанева „заборавила“ дека рекетирала - прекина боледување и се врати во СЈО

објавено:


Иако сведоците во предметот „Рекет“ тврдат дека Катица Јанева не само што не била злоупотребена, туку директно и активно учествувала во рекетот, таа денеска не се сети на ништо, ама не дозволи на прашања на прес конференцијата што ја одржа во СЈО, за да и се освежи меморијата и да се потсети дали е точно дека повикувала блиски до притворените и лично барала пари, дека Зоки Кичеец и Боки 13 ја пуштале на спикерфон кога рекетирале во  нејзино име и слични работи.

Откако претходно се исчешлала во едно скопско фризерско студио, Јанева се појави во СЈО и како ништо да не било даде изјава, без прашања.

Од канцеларијата на првиот кат до говорницата дојде сама, за разлика од пресовите од времето кога  најавуваше нови предмети на буквата Т  никој од обвинителите кои минатата недела се огласија од истото место, не ја придружуваше на говорницата од која уверуваше дека е чиста и не ја злоупотребила својата положба во случајот Рекет.

-Во врска со наводите, индициите или неофицијалните информации кои се упатуваат на мојата наводна вмешаност во случајот „Рекет“ ја користам оваа прилика да го изјавам следното: најодговорно тврдам дека ниту свесно ниту несвесно ниту со сторување ниу со несторување не сум ја злоупотребила должноста што ја извршувам во моментов, рече Јанева

Слушнала дека Боки 13 но и други го користат познанството со неа, без нејзина дозвола но дури сега ги повика надлежните до крај да истражат.

Очекувам низ транспарентна правосудна постапка да се стави крај на сите неофицијални информации со кои некој се обидува да и наштети на мојата чест и углед. За жал, подолг временски период до мене допираат гласови дека не само Бојан Јовановски туку и многу други лица без да знам го злоупотребувале моето име за различни цели, изјави  Катица Јанева

Јанева се огласи по осум дена од писмена оставка и аферата Рекет. Се извини што свесно не излегла во јавноста со објаснување дека не сакала да создаде впечаток дека врши притисок или се меша во истрагата, иако вели не и било лесно да го следи јавниот линч. Тврдеше дека го разбира интересот на јавноста за случајот Рекет и дека се залага за транспарентност, но откако го прочита напишаниот говор  си замина без да одговори на новинарските прашања.

А новинарите имаа многу прашања за неа кои се наметнаа периодов. Не само за тоа каде бил  вториот телефон, туку и што говорела на телефон кога Боки 13 ја вклучувал на спикерфон во присуство на осомничени во нејзината истрага Имеприја, до тоа дали е коинциденција што бизнисменот Орце Камчев влегуваше излегуваше од притвор и на крај си го доби назад и пасошот.

Претпладнево Јанева ги изненадила и вработените во СЈО кога се појавила на работното место. Според нашите информации се соочила и со обвинителите  на куса средба а доставила и документација дека денеска и завршува  боледувањето и утре се враќа на работа каде и понатаму е специјален обивнител во оставка, која ќе стане активна кога партиите ке изберат нејзин наследник. И покрај сите случување Јанева е оптимист дека ќе го остави СЈО зад себе  како институција- пример за борба со корупција.

Оставам во наследство 10 тина затворени истраги подготвени за брзо процесирање. Убедена сум дека тие предмети ќе и дадат одговор на јавноста зошто некој со сите сили се обидуваше да го спречи мојот реизбор и со медиумска хајка се обидува да го загрози кредибилитетот на СЈО, рече Јанева.

На денешното  појавување во јавноста му претходеа видео снимки на социјланите мрежи наводно биле снимени вчера на кои се гледа дека Јанева е на фризер

 

Извор: Телма