Вести

Тешка сообраќајка кај Катланово, повредени повеќе лица

објавено:


На автопатот Велес-Скопје пред бензиските пумпи на ОКТА непосредно кај Катланово околу 12 часот се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале најмалку два камиона и неколку патнички автомобили и во истата има повредено повеќе лица.

Повеќе возила на брзата помош и на пожарната служба се на лице место, кои интенвенираат со апарати за сечење метал за да ги извлечат повредените од возилата.

Во верижниот судир учествувале македонски, турски и грчки возила.Повредените се пренесуваат на скопските клиники.

Автопатот во правец на Скопје е затворен, а сообраќајот према градот се одвива по алтернативен пат покрај бензиската. Сообраќајката се случила кога еден од камионите удрил во патничко возило, а другите обидувајќи се да застанат или да помогнат станале дел од учесниците во верижниот судир.