Вести

Катица Јанева на снимката: Не се секирајте, Лиле Стефанова е под моја контрола

објавено:


Скандалот за случајот „Рејет“ ќе се проширува и ќе добие нови размери, зашто на снимката има и разговор помеѓу Катица Јанева и Боки 13, кој потврдува дека не само што Катица била мозокот на операцијата, туку тврди дека обвинителката Лиле Стефанова која ја водеше истрагата за „Империја“ е под нејзина целосна контрола.

По објавување на дел од снимката на која се гледа како Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од домот на Орце Камчев во Злокуќани, се најавува и продолжение на сниимката на која јавноста ќе го чуе и гласот на Катица Јанева, што во целост ќе ја потврди нејзината улога во аферата и ќе го сруши кредибилитетот на СЈО, кое денека побрза да протолкува дека немало поврзаност на Катица со Боки.

СВЕДОК дознава дека на снимката се гледа и се слуша разговорот помеѓу Боки 13 и Катица Јанева, каде што таа ги убедува дека работата ќе биде завршена!

-Ич да не се секирате, обвинителката Лиле Стефанова е целосно под моја контрола, вели Јанева!

По ова, ЈОРМ ќе мора да објасни зошто Катица Јанева не е уапсена и како понатаму ќе опстане правната квалификација „тргување со влијание„ за кое дело, како и за перење пари, во притвор се Боки 13 и неговиот компањон Зоки Кичеец!

Денеска обвинителката Лиле Стефанова неубедливо се бранеше дека не знаела за снимката, а од кога ја видела реќе дека е спремна да „пропее“ пред Вилма Рускоска.

СВЕДОК во текот на денов ја контактираше Ана Камчева, адвокатката на Орце Камчев, која во моментов е на годишен одмор надвор од Македонија, и вети дека по враќањето во земјава, во ексклузивно интервју за СВЕДОК ќе ја објасни целата ситуација околу „Рекет“ во која постапка таа е сведок и оштетена,