Коментар

За тие што можат, ама не сакаат

објавено:


Саше Димовски во кривична судница во суд во Портланд - Орегон, САД

Колку и да звучи нарцисоидно и саморекламирачки, морам да кажам дека јас бев меѓу првите кој му најде низа фалинки на Законот за специјалното обвинителство, на начинот на избор на обвинител и помошници, бев еден од оние кои укажуваа дека ова обвинителство ќе наидува на сопки на секој чекор.

Многумина ме укоруваа, бараа од мене да покажам поголем оптимизм, бидејќи работите ако сакале, можеле да се решат. Но, токму тоа сакање и можење мене ми беше јасно од самиот почеток дека ќе бидат мета на сопнување. ако едниот може другиот нема да сака и обратно.

Бев скептик во соработката на Обвинителството со судот, во добивањето на безбедносни сертификати, во доделување на кадри и финансии. На овие теми јавно говорев и во еден тв настап на Алсат-М во друштво со министерот за правда Аднан Јашари и колешката Катерина Блажевска.

Неколку месеци подоцна, гледано како функционира обвинителството, мојот скептицизам се потврди, а сега посочувам дека очекувам проблемите да се продлабочат.

Специјалното обвинителство иако требаше по закон во рок од 35 дена да добие свои простории, не ги доби. Владата не обезбеди, па сега специјалните обвинители се под кирија чекајќи да им се реновира просторот на „Рузвелтова“.

 

Парите или буџетот беше одобрен со натегање, а законот за јавнообвинителски службеници беше донесен со низа молби и не тој што го предложи Обвинителството а го поддржа СДСМ, туку верзија што ја предложи Владата на неколку часа пред Нова Година.

 

Без турбуленции не поминува ниту комуникацијата на релација Обвинителство-Обвинителство и Обвинителство-Суд. Односот на судот кон обвинителството не е израз на надмоќ и ароганција, туку на краен безобразлук. Судот не му ги дава доказите од предметот „Пуч“ бидејќи „странките немале право да ги поседуваат доказите“. Оваа теза која ја промовираше судијката Љубинка Башевска (а која се кладам дека не е нејзина) е повеќе за плачење отколку за коментирање.

Јас да бев на местото на Јанева, немаше да имам дилема дали новиот ЗКП предвидел доказите да се кај обвинителот, туку, едноставно ќе го повлечев обвинението и ќе го оставев судот со прстот во уста да се чуди што го снашло. Обвинителот во овој случај ја води постапката и тој мора да ги поседува доказите за во оваа постапка да цени што и кој доказ ќе го предложи понатаму. 

Но, специјалното обвинителство како тужител не требаше да ја прифати фрлената ракавица на судот и да прави увид (а не да добие копии) туку едноставно да го впереше прстот во јавниот обвинител Јован Илиевски и претходниот обвинител во „Пуч“ Златко Биковски и да ги прашаат каде се доказите од предметот? Што предало досегашното обвинителство, папка само со обвинението а доказите си ги задржале? Никој нема да поверува дека доказите во оригинал се предадени во судот а обвинителот не зачувал копија за себе?! Ако е така, како мислеа да го водат „Пуч“, што ќе предочуваа за докази?

Иста е приказната и за архивираните предмети како „Кампања“ со Љубе Бошкоски или убиството на Мартин Нешкоски. Факт е дека обвинителството е странка во постапката, но таа странка, како ова специјално обвинителство, за да продолжи да гони мора да ги има доказите!

Не е на одмет за ова да го известат Сускиот совет кој треба да го разгледа однесувањето на судиите од скопска единица. Бидејќи, како што вели претседателот на тој суд, никој не смее да се стави над законот!

Со почнување на истрагите, но и со промена на судиите и кривичните совети, јас очекувам специјалното обвинителство и судот да се судрат по многу прашања: прво, адвокатите ќе ги оспоруваат сите докази и начинот на нивно собирање, па надлежноста, мандатот, барањата за притвор и многу работи за кои ќе мора да одлучува судот. истиот суд кој се покажа прилично „стручен“ со тезите дека бомбите не се доказ во фаза на непочната истрага.

Секако овие решенија на истражната судијка и на раководството на судот може само да очекуваме да се репризираат во претстојниов период и наскоро да се најдат како „правни бисери“ во учебниците по кривична постапка, но тоа нема да ја смени суштината дека не очекува нов сериозне судир на релација суд-обвинителство.

Овој судир ќе биде видлив до 15 март за кога обвинителството најави дека ќе ги соопшти одлуките по предметите над кои воспостави надлежност. По распуштањето на парламентот верува ли некој дека ќе бидат донесени измените во законот за заштитени сведоци, за да може специјалното обвинителство да води постапки и на сведоците да им овозможи заштита! Јас не верувам, за вас - не знам!

Затоа, да не се залажуваме дека наскоро ќе видиме видливи резултати од Специјалното обвинителство. Тоа се уште нема ни кадар за работа, а за да го има, за многу од нив ќе треба да се добие потписот на Марко Зврлевски, по принципот преземање. Што мислите, ќе потпише ли Зврлевски така лесно да му отидат уште кадри кај тие што треба да го гонат и него?

Не подлегнувајте лесно и на митовите  дека зад Јанева стојат „странците“, дека во СЈО работат „италијански и британски обвинители“. Кој и да работи, не пресметал дека Македонија е земја на сопки. Такви кои ги нема само на кривините, туку и на секое делче од правиот пат. А, кој ќе го изоди тој пат можеби и ќе раскажува за обидот да се воспостави владеење на правото, па макар и преку ваква, правно кривонасадена институција, непознта за правни ситеми низ Европа, но за која, така широко и едногласно се согласија лидерите на четирите партии.


објавено на од stevo
alal da ti e mnogu sreka i uspeh ti posakuvam Dimovski daj boze da pobedi pravdata........
објавено на од Правник
Вчера, на ден 18.01.2016 година во Собранието на РМ по итна постапка на прво читање поминаа измените на законот за јавнообвинителска служба со кои како услов за докажување на познавање англиски јазик е избришан меѓународниот сертификат АПТИС кој од сите други предвидени дипломи е најефтин (1500 денари) и поедноставен за полагање, оттука се прашувам кој стручен соработник или пак референт, хигиеничар или хаусмајстор, ќе може претходно да одвои 10000 денари за да полага ТОЕФЛ или ИЕТЛС и притоа да