Истраги

Талески останува во куќен притвор, одлучи Апелација

објавено:


„Апелационен суд Скопје до Основен суд Скопје 1 – Скопје ја достави одлуката за осомничениот Владимир Талевски кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како ’Транспортер’ со која се потврдува решението на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 - Скопје, а со тоа мерката куќен притвор останува за истиот“, соопшти Основен суд Скопје.

Одлуката на судот следува по јавната седница што ја побараа адвокатите за пред судиите на Апелација да ги спротивстават аргументите со обвинителството. Ова е прва сериозна судска одлука која укажува дека во постапките иницирани од СЈО им елементи на дело против ососмничените, бидејќи во досегашните случаи судиите со правни сопки, а не со формални и суштински решенија се трудеа да ги одолговлекуваат постапките.

Владимир Талески и уште 22 лица се опфатени во „Транспортер“ на СЈО и се осомничени за злоупотреба на 360.000 евра при незаконско организирање на училишниот превоз во Битола.  Истрагата опфаќа вкупно 81 криминално дејствие, спротивни на Законот за јавни набавки и Законот за средно и основно образование.

Конкретно за случајот „Транспортер“, од СЈО рекоа дека постои основано сомнение дека битолскиот градоначалник и Претседателот на комисијата за јавни набавки на општината, формирана од градоначалникот, во договор со директорите на основните и средните училишта во Битола и одговорните лица на превозниците „Хера-Турс“, „Транскоп“, „Џем Турс“, ,„Боби Турс“, Џими турс, „Д и А  Хера транс“, „Лука експрес“, „Марија транс“, „Турист превоз“, „Хера превоз Новка“ и „Гопеш транс“, нанеле вкупна штета на средствата од Буџетот на Република Македонија во износ од 22.024.891 денар или околу 360.000 евра, за само две учебни години.

Талески е во домашен притвор од 20 јуни, откако беше укината аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов, а потоа и одбиена предложената мерка притвор од СЈО.

Одбраната на Талески тврдеше дека постои повреда на правото на еднаквост на оружјата, бидејќи не им биле доставени никакви докази. Тврдеше и дека против градоначалникот се води политичка хајка.

Куќниот притвор  на Талески предизвика и протести кои ги организираше ГДОМ, кои побараа судиите да носат одлуки без страв. Во меѓувреме, општина Битола остана без негов официјален заменик.