Вести

Пратениците го заштитија криминалот на власта: нема измени во законите за СЈО и заштита на сведоци

објавено:


Собранието по неполн час расправа, не ги усвои предлозите за измена на Законот на СЈО и за зашита на сведоци.

Со 36 за и 54 против од вкупно 90 пратеници, не помина предлогот за измена на Законот за Специјалното јавно обвинителство со кое се бараше продолжување на рокот за посотење на ова Обвинителство.

Пратеникот од СДСМ Петре Шилегов, во име на предлагачот рече дека гласањето на овој Закон содржи „сериозни политички пораки, бидејќи СЈО проилезе од Пржино и треба да да помогне во разрешување на сериозната политичка криза која трае веќе две години.

-Ние треба да помогнеме да има логична завршница, рече Шилегов, истакнувајќи дека во интерес на ВМРО ДПМНЕ е во правна процедура да се докаже дали имало прислушување.

Барањето за имени на Законот за заштита на сведоци доби само 42 гласа поддршка, додека 52 пратеници од вкупно 94 беа против.

Шилегов кој исто така ги образложи овие измени, рече дека тие се потребни за да не се случуваат ситуации како „убиство или самоубиство на некои од лицата во постапките.

Тој тука го спомена Коста Крпач кој требаше да стане заштите сведок, кој имала сериозни пртисоци да се случи ваков чин.