Вести

Неделкова немала право да бара јавност на седницата за нејзиниот приговор за оценувањето

објавено:


Судскиот совет без расправа, само со објаснување дадено од страна на Претседателот на Советот Зоран Караџоски дека по закон не може да се бара јавност, го отфрли барањето на Лидија Неделкова да се разгледува пред новинари нејзиното барање за корекција на оценката која и била ддаена за 2015 и 2016 година.

Екс претседателката и кандидат за повторен мандат на во Врховниот суд, Лидија Неделкова побарала да се преоцени нејзината работа, во која ќе влезе и работниот ангажман и трудовите што ги објавила, но Караџоски само констатираше дека законот и деловникот тоа не го дозволуваат, со тајните оцени се штити интегритетот на судиите, и без расправа го затвори прашањето.

Зад затворени врати, Советот расправаше по приговорите на Неделкова како и на судијата Иван Џолев за скопска единица и на судиите од штипска единица. Немало приговор само од судиите од тетовскиот суд кои исто така беа вонредно оценувани.

-Дел од приговорите беа основани и се однесуваа на севкупната работа. Нив ги прифативме и ги корегиравме поените. Се друго е тајна и не можам да ткривам чиј приговор е прифатен - одговори Караџоски по седницата, одбивајќи да навлегува понатаму во детали што штитат кај судијата, ако во случајот на Неделкова самиот судија бара јавно да му се утврди оценката.

Караџоски ги советуваше судиите дека може сами ако сакаат да ги направат достапни до јавност решениијата со оценките, кои се доверливи според законот.

Засега нема информација кога ќе се врши изборот на претседтелите на четирите суда за кои денеска се разгледуваа приговорите: скопска единица, Врховен, штипска апелација и Основниот суд во Тетово.

Разгледувањето на приговорите беше на нејавен дел од седницата, а обезбедувањето од МВР се обиде да ги отстрани новинарите, кажувајќи им дека нема да има изјави и треба да ја напуштат зградата. По реакција на новинарите дека нема да си заминат бидејќи има и други точки кои се јавни на седницата, се повлече „наредбата“ да си заминат новинарите.

В.д. претседателката на Врховниот суд снежана Бајлозова иако е кандидат за претседател, беше присутна на седницата, но одби да ги коментира актуелните настани со приговорите во судството, бидејќи не би било фер да дава изјави додека целосно не заврши изборот.

Таа како фаворит за претседател, остана на другите точки на седницата и гласаше за изборите и разрешувањата кои беа на дневен ред на седницата.

Советот распиша избор за наследник на Драги Дилберов, тетинот на Боркица Груевска, за претседател на ОС Гевгелија, бидејќи тој на 20 јануари треба да се пензионира на половина од неговиот мандат. 

Во пензија отиде и судијката Олга Ангелова од Апелациониот суд во Скопје.