Коментар

Кого возат Јово Вангеловски и Никола Додевски?

објавено:


-На средбата (Никола Додевски, адвокатска комора и Јово Вангеловски Врховен суд) се разговараше за проблемите за примената на тарифникот кои резултираат со тоа што и некои судови си земаат за слобода да интервенираат за трошоците, иако тоа право го немаат. Исто така се разговараше и за тоа дека адвокатите немаат ист третман во постапките како обвинителите. Се разговараше и за примената на одредени законски решенија, вклучително и за Законот за нотаријатот и недозволеноста да се суди според дадени мислења и толкувања на органи кои за тоа немаат ниту уставно, ниту законско право. На средбата се разговараше и за тоа дека е недозволиво да се суди според правилници, а не по закони“, изјави Додевски.

Ваквата театрална изјава, на првото кафе пиење со старо-новиот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, да не беже жална, ќе беше смешна, бидејќи Вангеловски бил изненаден од многуте проблеми на кои му укажале адвокатите?!

А, каде бил до сега Вангеловски? Од 2008 година кога го избраа во Врховен, до 2012 година беше претседтел, повеќе од 4 години подоцна како судија во одделот за судење во разумен рок и нешто кривично и сега пак претседател. Или по околу 9 години стаж во Врховен, старо новиот претседтел се изненадува?! А, зарем, низ пресудите на судење во разумен рок, во кривично, посебно во делот за трошоците кои се неизоставен дел на секоја одлука, пресуда, Вангеловски не воочил дали некој суд првилно или неправилно ја применил адвокатската тарифа, дали на тоа не укажале или укажале адвокати, па се чекало вчерашното кафе пиење за да се истакнат овие прашања?

Но, ајде како мало потсетување за тоа, „кои се тие судови што не ја почитуваат адвокатската тарифа“?

За изненадување на Вангеловски, тоа е токму Врховниот суд на Република Македонија, кој го водел и го води.

Имано, на 23.02.2015 година, Граѓанскиот оддел на Врховниот суд има донесено правно мислење во кое укажува дека граѓаните, странки во постапките, не се должни да им ги надоместат трошоците на адвокатите од спротивната страна доколку тие не се од градот во кој се води постапката.

Ова е сентенца од тоа Правно мислење, објавено на веб страницата на Врховен суд:

   

Одделот за граѓански дела при Врховниот суд на Република Македонија, расправајќи по правните прашања од интерес за единствена примена на правото и воедначување на судската практика во врска со примена на Законот за парнична постапка („Службен весник на Република Македонија“.бр79/05, бр.110/08, бр.83/09, бр116/10), на седницата одржана на ден 23.02.2015 година, ги донесе следните:

ПРАВНИ МИСЛЕЊА

I

Спротивната странка нема обврска да ги надоместува како потребни трошоците кои се предизвикани за адвокат кој има седиште надвор од општината каде што се наоѓа седиштето на надлежниот суд, а во која општина има адвокати, туку единствено е должна да ги надомести вообичаените трошоци во висина на оние кои би биле предизвикани за адвокат кој дејноста ја врши во општината во која се наоѓа седиштето на судот.

 

Што значи ова? Илустративно, ако некој се тужи во Охрид, не може, ако ангажира адвокат од Скопје, струмица или Гевгелија, за адвокатски трошоци да се признаат патување за 400 километри, и други трошоци за адвокатот освен тие за превоз или трошок што би ги направил охридски адвокат, на пример.

Тргнувајќи од ова правно мислење, судовите го прифаќаа ставот на Врховниот суд и не определуваат патни и други трошоци предвидени во тарифата или прикажани со сметки за бензин, туку досудуваат трошоци за локален транспорт.

И, за каква (не) примена на тарифата зборувале Вангеловски и Додевски? За таа која е директно производ на Врховниот суд? Навистина двајцава претседтели се обидуваат да глумат кооперативност или и едниот и другиот мислат дека некој не знае кој генерарирал доба практика за учесниците во постапките (заштедувајќи им пари) а лоша за адвокатите, кои со последните измени на адвокатскиот тарифник само  со појавување на најмногу две судење ќе заработат повеќе од една месечна судиска плата!

Член 7 од тарфникот на Адвокатската комора која го носи сама и без ничија контрола и согласност, а е обврзувачки за судовите и за странките иако нема сила на закон или друг правно обврзувачки акт, предвидува:

 

За извршување на правна помош, странката е должна на адвокатот да му ги надомести и трошоците :

  1. За превоз, до висина на трошоците на патниот билет за превозното средство што го користел адвокатот, а за употреба на сопствено возило ќе му надомести по 30% од цената на најскапиот бензин за секој изминат километар.
  2. За ноќевање, до висина на трошоците за ноќевање.
  3. На име дневница ќе му се исплати вообичаена дневница или по договор.
  4. За отсуство од канцеларија , ќе му бидат надоместени трошоци за секој започнат час 20% од наградата за дејствието за кое патува, но не повеќе од 7 часа за еден ден.

Во пракса, сега ја има следнава ситуација: адвокат од Скопје, кој бил на застапување во Гостивар, на пример, во парнични или стопански предмети, на давателот на полномошно, тужителот на пример, му фактурира според адвокатската тарифа, за сите трошоци, но судот, во пресудата, ја задолжува спротивната странка да ги надомести само трошоците што се реално настанати, според правното мислење на Врховниот суд, што не е ниту половина од тоа што барал адвокатот.

Независно од тоа што е добиен спорот, адвокатот го советува својот клиент, да поднесат жалба што судот не ги досудил сите барани трошоци (кои тужителот веќе му ги платил на неговиот адвокат) иако за таа жалба се плаќа двојно повисока такса од таа за водење на постапката во прв степен и ќе поминат уште најмалку 6 месеци до одлучување по жалбата, а на тужителот му се брза и сака да го наплати своето побарување. на овој начин, адвокатите свесни дека судовите се придржуваат кон мислењето на Врховниот суд, генерираат жалби, кои најчесто се одбивани, а граѓаните и правните субјекти биле изложени на дополнителни трошоци и време.

Поради ваквото однесување, често граѓаните ги откажуваат полномошната на адвокатите, за кои, според адвокатската тарифа, иако го откажале должни се да плата за планираното, а не превземено дејствие.

Ако на пример, некој адвокат требало да ви пишува жалба, а вие сте го откажале полномошното, треба да платите како да е напишана жалбата. 

еве што вика Адвокатската тарифа, какви трошоци ве очекуваат доколку посетите адвокат:

НАГРАДА ЗА ДАДЕНА ПРАВНА ПОМОШ
 
Член 8

 I. Награда за пишување на писмени состави (поднесоци)

 

  1. За пишување на поднесоци со кои се поведува постапка, образложени поднесоци, приговори, одговори и изјави на последна волја, предлог за извршување, наградата се определува според висината на барањето во поднесокот или според пропишаната дисциплинска или друга мерка и според пропишаната казна.
  2. За поднесоци со барање:
  • до 10.000,00 денари изнесува ....................................................... 1000,00 денари.
  • од 10.001,00 до 50.000,00 денари наградата изнесува ............... 3.000,00 денари.
  • од 50.001,00 денари до 100.000,00 денари наградата изнесува ........................................................................................................... 4.000,00 денари.
  • од 100.001,00 денари до 300.000,00 денари или пропишана дисциплинска мерка, парична казна или затвор до 1 година, наградата изнесува .................. ........................................................................................................... 5.000,00 денари.
  • од 300.001,00 денари до 600.000,00 денари или казна затвор до три години наградата изнесува ......................................................................... 6.000,00 денари.
  • од 600.001,00 денари до 1.000.000,00 денари или казна затвор до пет години наградата изнесува ......................................................................... 7.000,00 денари.
  • од 1.000.001,00 денари до 2.500.000,00 денари или казна затвор до десет години наградата изнесува ............................................................ 9.000,00 денари.
  • од 2.500.001,00 денари до 5.000.000,00 денари или казна затвор до петнаест години, како и во полициска постапка наградата изнесува .................. ......................................................................................................... 12.000,00 денари.
  • Над 5.000.001 денари, казна затвор над петнаесет години или доживотен затвор наградата изнесува ........................................................... 18.000,00 денари.
    3. За состав на преддоговори и договори, наградата се определува согласно вредноста:

Вредност од денари

Вредност до денари

Награда за состав на договор

 

до 3.000.000,00

3.900,00

3.000.001,00

5.000.000,00

5.000,00

5.000.001,00

9.000.000,00

6.000,00

9.000.001,00

20.000.000,00

10.000,00

20.000.001,00

60.000.000,00

15.000,00

60.000.001,00

 

30.000,00

 

Кај состав на договори и преддоговори не се применува став V, точка 1 на членот 8.
  1. Награда за предлог за издавање на нотарски платен налог, како и приговор против нотарски платен налог, во предлозите со вредност над 10.001,00 денари, изнесува 70% од предвидената во точка 2.
  2. За поднесоците со кои се поведува постапка пред Уставен суд, за статусни и станбени спорови, спорови и постапки за заштита на авторски права, патенти и лиценци, индустриска сопственост, наградата изнесува колку максималната во точка 2.
  3. За застапување и одбрана пред судовите, јавно обвинителство, нотари, извршители, центри за социјална работа, работодавецот, полициските, инспекциските и други органи, како и преземање на дејствија од точка 2 на овој став кои се одвиваат во повеќе денови, без оглед дали се одржани, продолжени или одложени, како и за рочиштето за објавување на Одлука, секој започнат ден се смета за ново застапување, односно нова одбрана.
Во оставинска постапка пред нотар каде со закон е предвидено задолжително учество на адвокат, наградата и трошоците за соодветното правно дејствие за адвокатите кои учествуваат во тоа правно дејствие без оглед на нивниот број изнесува 50% од наградата и трошоците на нотарот.
  1. За работни спорови и вонпарничните постапки, наградата изнесува 7.000,00 денари.
  2. Во постапка за развод на брак и други спорови од семејни односи, наградата изнесува 7.000,00 денари.
  3. За состав и пишување на нормативни акти, наградата се договара со писмен договор.
  4. Во поднесоците во кои покрај главното барање се предлага времена мерка или предлог за обезбедување докази, наградата се зголемува за 20%.
  5. Во поднесоците во кои има тужба и противтужба, наградата се определува според збирот на двете барања.
  6. Во поднесокот во кој има повеќе учесници, наградата се зголемува по 50% за секое наредно лице, а за секое наредно лице од спротивната страна по 25%, но не повеќе од пет пати од предвидената награда од член 8 од Тарифата.
  7. За необразложени поднесоци, изјави, молби, полномошна со кои трети лица пренесуваат овластувања, освен полномошна со кои е овластен адвокатот за застапување и преземање на дејствија во име на властодавецот во сите постапки, наградата е како најниската награда од точка еден.
  8. За поднесоците во кои се бранети повеќе лица, наградата од точка осум се зголемува по 50% за секое наредно лице, а ако има сообвинети за секое наредно лице по 25%, но не повеќе од пет пати од предвидената награда од член 8 од Тарифата.
  9. За изготвување на правни мислења, анализи и учество на состаноци со правна тематика, наградата изнесува 9.000,00 по час.
  10. За состав на апликација пред ЕСЧП, наградата изнесува 60.000,00 денари, а за секој нареден поднесок за комуникација со судот наградата изнесува 15.000,00 денари.
  11. Во постапка пред меѓународна арбитража и меѓународни судови, во спорови со вредност до 5.000.000,00 евра, наградата изнесува 20.000,00 денари за секој започнат час.
Во спорови од 5.000.001,00 евра до 10.000.000,00 евра, наградата изнесува 30.000,00 денари за  секој започнат час.
Над 10.000.001,00 евра наградата изнесува 40.000,00 денари за секој започнат час, а во меѓународни кривични судови наградата изнесува 40.000,00 денари за секој започнат час.
  1. За изготвување на акти за постапки пред Централен регистар на РМ:
  • Промена на е-маил адреса, пријава на работно време и објава на ликвидација, наградата изнесува 000,00 денари.
  • За статусна промена наградата изнесува 3.000,00 денари. Ако истовремено се прават повеќе статусни промени, наградата се зголемува 50% за секоја наредна промена.
  • За основање на трговски друштва и други правни лица, наградата изнесува 9.000,00 денари.
Со вака утврдената тарифа, еден адвокат по службена должност на пример, во поголемите судења, доколку брани двајца или повеќе обвинети, може само со присуство на едно, најмногу две судења да ја заработи месечната плата на судијата кој го води предметот. Ваквата ситуација според судиите е и причина тие да го применуваат Заклучокот и правното мислење на Врховниот суд, но и да не дозволат, некој со билдање на нереални трошоци (на пример, со ангажирање 5 адвокати во исто време од различни градови) да го уништи финансиски тужителот, односно спротивната странка во постапката, независно од основот кој и како ја повел постапката.
 
Ваквата изјава на Додевски доаѓа по отворениот судир со нотарите, извршителите, работодавачите, судовите, што отворено се коментира како војна против сите, па од таму и прашањето, дали може само адвокатите да се во право и не станува ли збор за монопол кој сакаат да го наметнат на штета на илјадници други правници, но и на штета на граѓаните, пред се?
 
И, што ќе направи сега Јово Вангеловски, ќе го укине мислењето на одделот за граѓански дела, ќе ги искара судиите, ќе им удоволи на адвокатите ан-блок?
Во продолжение и другите делови за трошоците во постапките за кои се произнел Врховниот суд во своето мислење:

-Доколку ненавремено поднесениот одговор на жалба бил земен предвид при одлучувањето на судот во постапка по жалба, трошоците предизвикани по тој повод, претставуваат трошоци што биле потребни за водење на парницата.

-При делумен успех во парницата, ако тужениот го оспорувал основот на тужбеното барање во целост или единствено пооделни самостојни делови од барањето, а заради тоа биле извршени вештачења и изведени други докази за кои тужителот претходно ги поднесувал трошоците, тужителот има право на надомест на тие трошоци во целост, без оглед на висината на досудениот износ.

Доколку тужениот ја оспорувал единствено висината на тужбеното барање, тужителот има право да му се надоместат парничните трошоци пресметани според вредноста на барањето за кое успеал во спорот.

-Во стечајнaта постапка, кога е изјавена жалба против решението на стечајниот судија или стечајниот управник, странката е должна судската такса да ја плати пред поднесување на жалбата и доказот за платена такса да го приложи со жалбата.

Жалбата за која не е платена судска такса, со решение ќе се отфрли.

-Во случај кога рочиштето е одложено поради спреченост на судот, странките немаат обврска да ги надоместуваат трошоците за застапување на тоа рочиште, независно од исходот на спорот.

 

ЗАКЛУЧОЦИ

I

Трошоците поврзани со поставување на старател од редот на адвокатите, како процесна претпоставка за водење на парницата, претставуваат издатоци направени по повод на постапката, па истите, се одмеруваат според Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите.

II

Доколку во тужбата не е истакнато определено барање за надомест на трошоците предизвикани со поднесената тужба, а судот донесе одлука без претходно расправање, тужителот нема право на надомест на тие трошоци.

 

                                                                   ОДДЕЛ ЗА ГРАЃАНСКИ ДЕЛА на Врховниот суд

при одење кај адвокат или прашување за било што што би можеле да се нарече правен совет, граѓаните и ова да го имаат на ум, извлечено од Тарифникот на адвокатска комора:

Награда за правни совети

  1. За усмен правен совет, наградата изнесува 20% од соодветната награда за писмен состав и саатнина од 20% за секој започнат час.
  2. За писмени совети наградата изнесува 50% од соодветната награда за писмен состав и саатнина од 20% за секој започнат час.