Коментар

Гоцо, сега имаш шанса за поправен, биди вистински питбул до крај

објавено:


Јавната обвинителка на Скопје Гордана Гешкоска ја знам повеќе од 20 години. дури неколку години пред да биде избрана за обвинител, ако добро ме држи сеќавањето во 1998 година некаде, по загинувањето на скопските обвинители во близина на Тетово.

На низа судења сме биле заедно и тоа во едно време кога беше „нормално“ новинар да разговара со обвинител, па и да појде во обвинителство, па и да испие кафе во старото бифе на единица пред или по судењата.

Откако времето почна да станува „ненормално“, ги снема полека контактите со обвинителите, тие влегоа во друг свет, почнаа да тераат своја агенда, а која во суштина беше туѓа, диригирана.

Па наместо контакти, гледавме обвинители по ромски балови, по планини и бачила.

Скопската јавна обвинителка, Гешкоска, спомената погоре, некако како да му е верна сенка на Мароко Зврлевски многу години. Или, барем едно 17 години, според моето скромно паметење и знаење на операцијата собирање.

Во далечната 200/2001 година, по избивање на аферата за „Големото уво“, едно од нелегалните прислушувања, истрагата ја водеше Марко Зврлевски, кој се залагаше и за притвор за Бранко Црвенковски кој ги објави транскриптите, но пред крај, Марко беше тргнат од случајот, а обвинението за нелегалното прислушување против Доста Димовска и Александар Цветков го потпиша Гордана Гешкоска.

Понатаму, Гешкоска и Зврлевски од обвинители во ОЈО Скопје, преминаа да работат во Обвинителств ото за гонење на организиран криминал, па Зврлевски стана скопски обвинител, а откако „догура“ и до Републички, Гешкоска (верната маркова сенка) беше избрана за заменик републички обвинител (значи заменик на Марко) за од таа позиција да стане и главен обвинител на Скопје.

Иако екс обвинителот Љупчо Шврговски јавно тврдеше дека „Гешкоска нема интелектуален капацитет за обвинител во организиран криминал“, таа без проблем напредуваше.

Гешкоска, прима плата како заменик републички обвинител, што е незаконски бидејќи е скопски обвинител, но тоа Зврлевски го дозволува.

Е сега, кога скопското обвиниителство повторно е главно (едннаш се покажа во бомбите) и треба да го расчисти дивеењето во Собранието, Гешкоска определила дури 6 обвинители кои ќе работат на предметот за упадот, тепањето и насилството врз пратениците и парламентот.

Имаше информации дека и го одзела предметот на обвинителката која прва почнала да го работи и наводно се одело со преквалификација, но обвинителството демантираше за квалификацијата, а бројот на обвинители ангажирани на случајот го оправда со бројот на осомничени, докази, снимки.

Во една прилика, чинам дека беше судењето за „Бачило“, Гордана Гешкоска ми се пофали дека има и друг прекар што и го дале странките и адвокатите, покрај оној како Карла Дел Понте (така ја викале веројатно зашто ги потсетувала на екс Хашката обвинителка). Новиот прекар и бил „питбул“.

Ми објасни дека ја викале питбул, бидејќи таква била, кога ќе фатела некој предмет, кога ќе се закачела за обвинетиот, не го пуштала додека мрда (што е особина на кучињата питбули).

Демек, не дај боже да те касне питбул!

Е сега, Гоцо, мислам дека имаш историска шанса да си вистински „питбул“, а не само тоа да ти биде прекар.

Не слушај никого, знај дека Марко Зврлевски уште евентуално еден месец може да биде на таа функција, а ти, ако не скопски (под услов да не ти поведат некоја постапка) остануваш да бидеш заменик републички обвинител, па затоа, фати се професионално и сработи го случајов „питбулски“.

Не е важно кој тепал, а кој бил тепан, направи го тоа за владеење на правотио, зашто сите очи сега се вперени кон казнувањето на насилството. Ова е премногу за да се одмолчи, нели?!