Балкан

Како функционираат специјалните обвинителства во регионов

објавено:


Македонија не е единствената земја во регионов во која има специјално обвинителство, но веројатно е единствена каде што Специјалното обвинителство кое има надлежност да ги открива делата што произлегуваат од нелегалното прислушување, е со ограничен мандат и надвор од јавно обвинителскиот систем.

Во другите земји, Специјалните обвинителства се дел од системот на обвинителство, а настапуваат пред Специјални судови, кои исто така се формирани со неограничен мандат.

Во овој преглед, накратко ви ги претставуваме Специјалните обвинителства или судови и нивното функционирање во правните системи на Босна и Херцеговина, Република Српска, Хрватска, Црна Гора и Косово.

Босна и Херцеговина

 

Обвинителството на Босна и Херцеговина е формирано дополнително како институција со посебна надлежност за постапување пред Судот на Босна и Херцеговина во врска со кривични дела пропишани со законите за Судот на БиХ, Законот за обвинителство на БиХ, Кривичниот закон, Законот за кривична постапка, Законот за отстапување на предмети од страна на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија на Обвинителството на БиХ.

Обвинителството на БиХ е sui generis институција, не е надредена над ентитетските обвинителства туку неговата надлежност е ограничено на процесуирање на кривични дела пропишани со горенаведените закони.

Во рамките на обвинителството постојат два посебни оддели и тоа:  Посебен оддел за воени злосторства и Посебен оддел за организиран криминал и корупција.

Посебен оддел за воени злосторства

Посебниот оддел за воени злосторства е формиран во декември 2004 година,  за процесуирање на предмети во врска со воени злосторства извршени на територија на БиХ во периодот од 1992 до 1995 година. Посебниот оддел за воени злосторства работи од 9 март 2005 година.

Поради големиот број на предмети, обвинителството наајголем дел од нив ги процесиура на кантонално/окружно ниво.

Посебниот оддел за воени злосторства работи на четири видови предмети:

  • Предмети кои Хашкиот трибунал ги отстапува на домашното правосудство во согласност со Правилото 11, од своите Правила за постапка и докази. Тоа се предмети за кои Трибуналот го потврдил обвинението, но не почнал со судење, а Судскиот совет на Трибуналот донел правосилна одлука предметот да се отстапи на домашното правосудство на понатамошно постапување.
  • Предмети кои ги прегледувала единицата за Правила на патот МКСЈ. Тоа се предмети во кои домашните институции од БиХ спровеле истрага, а потоа ја проследиле на единицата за Правила на пат за да добијат нивно мислење, за да утврдат дали постојат довоно докази кои укажуваат дека постои основано сомнение дека таа личност може да биде притворена.
  • Предмети од Обвинителството на Хашкиот трибунал во кои Трибуналот спровел истрага, но не подигнал обвинение.
  • Сите предмети кои се почнати по истекот на мандатот на единицата за Правила на пат  во октомври 2004 година.

Посебниот оддел за воени злосторства исто така мора во согласност со Правилникот и Ориентационите критериуми за чувствителност на предмети за воени злосторства повторно да ги испита и сите предмети на босанско-херцеговските обвинителства кои не биле проследени на единицата за Правила на пат, за да оценат дали предметот е „многу чувствителен“ (што значи дека мора да се процесиура пред Судот во БиХ) или „чувствителен“ (што значи дека може да се отстапи на стварно и месното надлежно обвинителство на понатамошно постапување.

Посебниот оддел за воени злосторства својата работа во организациска смисла ја остварува низ шест обвинителски тимови кои се формирани според географско-регионалната структура на БиХ.

Тимот 1 го покрива регионот на северозападна Босна и дел од Посавина. Тимот 2 го покрива регионот на средишна Босна, тимот 3 го покрива регионот на источна Босна (долината на Дрина) и делот на Посавина, тимот 4 го покрива регионот на Сараево и источна Босна вклучувајќи ја и Фоча, а тимот 5 го покрива регионот на западна Херцеговина и долината на Неретва. Постои и посебен, специјален тим 6 за подрачјето на Сребреница

Во овој оддел работат 35 обвинители меѓу, предводени од заменикот на главниот обвинител на Обвинителството на БиХ Гордана Тадиќ.

Посебен оддел за организиран криминал и корупција

Посебниот оддел за организиран криминал, стопански криминал и корупција формиран е со формирањето на Обвинителството на БиХ во 2003 година, со одлука на високиот претставник за БиХ кога одделот го сочинувале исклучиво меѓународни обвинители овластени во согласност со тогашните измени и дополнувања на Законот за обвнителство на БиХ.

Во надлежност на Посебниот оддел спаѓаат кривичните дела за корупција кои се однесуваат на врабтените во институциите на БиХ, кривични дела од стопански или финансиски криминал, вклучувајќи и кривични дела за даночно затајување, криумчарење, цариснки измами и перење пари, кривични дела од организиран криминал вклучувајќи но не и ограничувајќи се на дела од меѓународна трговија со дрога, трговија со луѓе и слични кривични дела пропишани со Кривичниот закон на БиХ.

За што поефикасно спроведување на истрагата, работата е организирана на принципот на формирање обвинителски тимови кои се состојат од еден или повеќе обвинители, стручни соработници и истражители како и друг административен персонал. Обвинителските тимови во рамките на истрагата што се спроведува остваруваат блиска соработка со соодветни имови од различни агенции за спроведување на законите во зависност од предметите на кои се работи.

Во предметите во кои за време на истрагата се случува лишување од слобода (притвор) на поголем број луѓе (организиран криминал) повеќе обвинителски тимови заедничи работат на такви предмети за поефикасно, благовремено и законско завршување на истрагата.

Во Посебниот оддел работат 10 обвинители, а со одделот од 2012 година раководи Божо Михајловиќ, кој е и заменик на главниот обвинител.

Другите обинителства во БиХ се се формирани според постоечкиот политичко-административен систем во БиХ, така што, Федералното обвинителство на БиХ е „врховно“ обвинителство за десет кантонални обвинителства на подрачјето на Федерацијата БиХ, а Републичкото обвинителство на Р. Српска е „врховно“ обвинителство за пет окружни обвинителства на подрачјето на Р. Српска. Јавното обвинителство на дистриктот Брчко во БиХ е надлежно за подрачјето на овој Дистрикт.

 

Република Српска

На 2 октомври 2006 година во Република Српска почнува со работа Окружното обвинителство Бања Лука, Посебно обвинителство за сузбивање на организиран и најтешки облици на стопански криминал – Специјално обвинителство. Процесот на основање континуирано тече и во следните години, но и покрај тоа се уште не е целосно комплетирано со специјални обвинители, стручни соработници, обвинители и истражители.

Специјалното обвинителство на Република Српска е надлежно за гонење на :

  • Организиран криминал од член 383а од Кривичниот закон на РС, кривични дела со елементи на организираност, како и кривични дела поврзани со такви дела или учесници на такви дела, а во случаи за кои не е надлежно Обвинителството и Судот на БиХ.
  • Најтешки облици на кривични дела против економски и платен промет.
  • Други кривични дела предвидени со кривичното законодавство на Р. Српска кај кои како најмала е предвидена казна затвор во траење од пет години, а кога поради околностите на извршените дела, кривичното гонење е од посебно значење за Република Српска.Главен специјален обвинител е Миодраг Бајиќ, а со него работи тим од седум обвинители и тројца административни помошници. На официјалниот сајт нема информации за бројот на стручни соработници.

Во изминатите девет години Специјалното обвинителство работело на 99 случаи за кои има потврдено обвинение.

 

Црна Гора

Во 2004 година формирано е одделение за сузбивање на организиран криминал, а четири години подоцна, заради поефикасна работа, неговата надлежност е проширена за дела поврзани со корупција, со тероризам и за воени злосторства.

Со стапување на сила на Законот за специјално државно обвинителство во октомври 2015 година одделението прераснува во Специјалното државно обвинителство. СДО е дел од Државното обвинителство како единствен и самостоен орган. Специјалното обвинителство ги презема сите работи од своја надлежност пред Специјалното одделение на Вишиот суд во Подгорица.

Со Специјалното државно обвинителство раководи главниот специјален обвинител Миливоје Катниќ, кој до јули 2015 година цели десет години работел како судија во Апелациониот суд на Црна Гора.  Во неговиот тим има уште осум обвинители.

Специјалното обвинителство е надлежно за гонење на сторители на кривични дела:

  • Од организиран криминал без оглед на висината на казната.
  • Сторители на висока корупција (ако јавниот функционер извршил злоупотреба на службена положба, измама во службата, противзаконско влијание, наведување на противзаконско влијание, примање поткуп, давање поткуп) ако е прибавена имотна корист која преминува износ од четириесет илјади евра за извршени кривични дела злоупотреба на положба во економско работење, злоупотреба на овластувања во стопанството, перење пари, тероризами воени злосторства.

Хрватска

Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминалитет, позната под кратенката УСКОК е посебно специјализирано државно обвинителство формирано во 2001 година поради потребата да се посвети посебно и системско внимание на феноменот корупција и организиран кримнал во сите негови сегменти на планот едукација превенција и сузбивање. Во надлежност на УСКОК се само кривични дела поврзани со случаи на корупција и организиран криминал. Во сите други случаи надлежни се другите државни обвинителства.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во составот на Канцеларијата работат пет оддели и тоа:

  • Оддел на обвинителот
  • Оддел за спречување на појава на корупција и за односи со јавност
  • Оддел за истражување и документација
  • Оддел за меѓународна соработка и заеднички истраги
  • Оддел за истражување на имотна корист стекната со кривично дело;

Во рамки на УСКОК работи и Секретаријат и дел за системски услуги.

УСКОК нема овластување да ја контролира работата или одлуките на други управни и правосудни тела и законитоста на нивните постапки ако не станува збор за сомневање за извршено кривично дело од негова надлежност.

Косово

Специјалното обвинителство на Косово има надлежност да делува пред Основниот суд за кривични дела кои ги има во надлежност по Закон број 03/L-052 за Специјалното обвинителство.

Во обвинителството работат обвинители на ЕУЛЕКС како и локални обвинители. Исто така има 36 лица како помошен персонал.

 

 

Галерија: Специјалните обвинителства


објавено на од Pravnik
Obvinitelstvoto za gonenje organiziran criminal I korupcija so sediste vo Skopje e nadlezno da postapuva na teritorijata na R.Makedonija po krivicni predmeti od oblasta na organiziran criminal I korupcija identicno kako e navedeno vo primerite od regionot I kako takvo funkcionira od 2004 godina, oddelenie vo ramkite na Osnovno javno obvinitelstvo Skopje a od 2008 godina kako posebno javno obvinitelstvo.