Информации

Втор обид за убиство или самоубиство на Игор Мирчески во затворот Идризово?!

објавено:


Игор Мирчески од Кичево повторно бил пронајден повреден во неговата келија во затворот Идризово и итно, со амбулантно возило и придружба на лекар бил пренесен на скопските клиники.

Лекарите се обидуваат да го спасат 38-годишниот Игор Мирчески, кој е осуден на доживотен затвор за извршени две убиства во Кичево. И овој пат, како и во 2009 година првичната информација е дека се обидел да се самоубие.

По првиот обид во 2009 година, неговото семејство тврдеше дека тоа било обид за убиство, дури и се сомневаа кој може да биде тој што се обидел да го убие, но случајот никогаш не доби завршница.

Игор Мирчевски и Анте Ристески пред 12 години беа осудени на доживотен затвор за убиствата на Митра Силјаноска и Радослав Божиноски од Кичево и Малкоец.

Ристески и Мирчески беа обвинети за кражба, силување, две убиства и разбојништво. Според обвинението, во ноември 2005 година Ристески и Мирчески ја убиле кичевчанката Митра Силјаноска, која нила силувана, и задушила со врзана со жица околу вратот. Жртвата беше пронајдена во близина на новата спортска сала во Кичево. Двајцата беа обвинети и дека во јануари 2006 го мачеле, го силувале и го убиле Радослав Божиноски од кичевското село Малкоец. Во текот на судењето, Ристески и Мирчески го признаа убиството на Божиноски, но не и на Митра Силјаноска.

Подоцна, полицијата преку форензички анализи соопшти дека убиството над Митра Силјаноска го извршил новинарот Владо Танески, кој се самоуби под чудни околности во затворот во Тетово, а случајот веднаш беше затворен без да се спроведе истрага.

Врз основа на таквите полициски информации, Ристески и Мирчевски бараа повторување на судењето, но судот во Гостивар ги одби бидејќи не понудиле нов доказ што би одел во нивна корист.

Мајката на Игор Мирка Мирческа не веруваше дека нејзиниот син се обидел да се самоубие

Нивните барања се одбиени и од повисокиот суд, иако во овој случај, самата држава дошла до докази кои укажуваат на тоа дека тие не го сториле едното убиство за кое се осудени. Но, повеќе од јасно е дека не успее да добијат можност да докажат дека не се виновни, дека се неправедно осудени за второто убиство и се во затвор. Случајот со убиството во Малкоец го раскажаа во детали.

Затворениците кои издржуваат казна доживотен затвор и чиј број е над триесетина, сместени се во посебен оддел во затворот Идризово.