Вести

МВР го бара Теофиловски од Судски, тој наводно е во Белград, одложена и седницата за избор на судии

објавено:


МВР има налог да го приведе членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски за злоупотреби со приватизација на земјиште во Тетово, откако ОЈО за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против него и уште 5 службеници од општина Тетово.

Зоран тТофиловски пред една година е избран за член на Судскиот совет, а доаѓа од гостиварска Апелација, каде што е избран кога во советот беше неговата налдза Александра Зафировска, што тој ја замени нејзе по 12 години што ги помина Зафировска во советот.

Теофиловски е поранешен заменик министер за правда од редот на либералите, а е во кумовски односи со бизнисменот Ристо Гуштеров.

Членот на Судски, Теофиловски живее во Тетово каде што е направена и малверзацијата со земјиштето во 2011 година, што се врзува со времето кога станува и судија во Гостивар каде што судеше кривични предмети.

Според информации на СВЕДОК, член на негово семејство соопштил дека Теофиловски наводно заминал во Белград на лекување.

Тој присуствуваше на седницата минатата недела во Судскиот совет, а се пожалил дека има болки во рацете и нозете и поради тоа бил на боледување претходно.

устрагата ОЈО ја водело цела година претходно.

за осомничените ќе се бара притвор, па засега е неизвесно дали Судскиот совет ќе одлучува за имунитетот на Зоран теофиловски, ако тој се повика на судиски имунитет и дали ќе одобрат притвор?

Зоран Теофиловски, последен од десно, снимен минатата недела во Судски совет

Ова е прв случај член на Судски совет да е под истрага и да се очекува да заврши зад решетки. Новиот закон предвидува решенија за одговорност на член на Судски совет, но не и ситуација која регулира како ќе постапува за член на Судски, ако за него се бара притвор.

Во Судски денеска затекнати од информациите дека се бара приведување на Теофиловски.

Одложена е и планираната седница за избор на судии во Апелациониот суд поради немање потребен кворум, како и поради тоа што на новата членка весна Дамева, избрана на предлог на претседтелот стево Пендаровски, утрово и бил поделен списокот со кандидати за судии, па немала можност да се запознае со нив пред да гласа.

Седницата е одложена за крајот на јануари 2020 година.