Вести

Во судски „шашардисани“ од апсењето на Теофиловски, не знаат ни кој им се заколнал

објавено:


Судскиот совет затечен од барањето за апсење на нивниот член Зоран Теофиловски на сајтот објави соопштение за одложената седница, како и за тоа дека се заколнале новоизбрани претседтели на судови, но во „шокот“ ги измешале лончињата.

Еве, во продолжение е соопштение со готографии дека пред Судски се заколнале Лазар Нанев Претседтел на ОС Неготино и Игет Бајрамоски претседтел на ОС Струга.

 

Но, вистината е следна, Лазар Нанев е претседател на ОС Кавадарци, а не на Неготино. Неготинскиот суд доби жена претседател, во претходниот избор пред околу месец и половина.

Во Судски ги побркале и датумите, па над денешното соопштение стои датумот 26 декември, додека над соопштението дека се заколнале Управните судии Александар Чичаковски и Елеонора Хамулиќ Ајро стои денешниот датум, што секако не е точно!

И двете свечени изјави беа скриени од новинарите иако за сите што дадоа заклетва имаше серија прашања.ќ

Што може да направи една истрага, ги побудале членовите на Судски и службите.

Не дај боже обвинителката Вилма Рускоска да им отвори финансиска истрага позната како „тресење од гаќи“! Дури тогаш кој знае што се ќе објават...