Вести

Почина кичевскиот судија Драги Билески, лустриран по нарачка

објавено:


По кратко боледување, почина Драги Билески, судија во пензија на Основниот суд во Кичево, кој беше единствениот активен судија во редовното судство, што беше лустриран, од сега веќе укинатата лустрациска комисија.

Билески, како судија на ОС Кичево, беше лустриран пред крај на неговата судиска кариера, на 1 година пред пензија и тоа, како што се покажа подоцна, по нарачка на пратеникот Антонијо Милошоски и претседтелот на тогашната Комисија Томе Аџиев.

Пред речиси една година, Судот за човекови права во Стразбур ја прифати неговата апликација и утврди дека му се повредени правата.

Врз основа на таа пресуда, управниот суд пред неколку месеци ги поништи пресудите на Управните судови, решението на Комисијата со кое беше лустриран и му наложи на Министерството за информатичко општество да го отстрани името на судијата Билески од интернет мрежите и од регистарот на лустрирани лица кој стои на сајтот на екс лустрациска.

СЈО поведе постапка за оваа нарачана лустрација, но предметот остана во истрага.

Судијата Драги Билески е погребан во неговото родно место, во кичевско.