Вести

Судот отвори стечај над 1ТВ, телевизијата преку која Боки 13 вршел рекет

објавено:


1ТВ зад која стоеше Бојан Јвановски, боки 13 и се претставуваше како сопственик од денеска е во стечај. Утрово, граѓанскиот суд во Скопје отвори стечај над 1ТВ, а за стечаен управник го назначи Ацо Петров. Стечајот ќе го води судијката Ирена Антовска петрушевска.

На денешното рочиште во судот, досегашниот привремен стечаен управник Ацо Петров кој направил извештај з финансиското работење во 1Тв рече дека е видна неликвидноста, жиро сметката е блокирана повеќе од 45 дена, неспособна е за плаќање и поради тоа се исполнети условите за отворање на стечај.

Како што објави Петров, до него, како привремен стечаен управник на 11.11.2019 година стигнало известување од Агенцијата за медиуми дека е одземена дозволата за тв емитување.

Во телевизијата, Костов регистрирал голема задолженост со кредити и заеми кои не биле вратени, разлика меѓу пасивата и активата, телевизијата имала големи задолжувања и евидентен минус кој бил многу поизразен за 9 те месеци од 2019, за разлика од 2018 година Според него, телевизијата била неплаќач по сите основи.

-За 2018 година била прикажана добивка, а во 2019 голема загуба. Регистрирани се неплаќања за трошоците за кредити и позајмици, за ДДВ и други давачки кон државата - рече стечајниот управник.

Како управител на телевизијата се јавува Јасна Ерцеговиќ, која во јавноста се појавуваше со презимето Мандиќ.

Ацо Петров даде преглед и на сите трошоци за кредити и други обврски  Биле затекнати 18 работници кои се уште не се одјавени и за нив стечајниот управник ќе донесе отказни решенија, а сите ќе ги пријават побарувањата. Дел од вработените беа присутни и на рочиштето.

Судот како докази изведе и известувања од Тинекс и Зегинсо кои се раскинуваат договорите за рекламирање со 1 ТВ.

На крајот на март ќе се одржи извештајното рочиште на кои доверителите ќе ги пријават нивните побарувања.