Вести

Кривична пријава за стечајниот управник Богољуб Макревски, признал непостоечко побарување

објавено:


Против стечајниот управник  Богољуб Макревски до Основното јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава, во која тој се сомбичи дека ја злоупотребил службената положба и постапил спротивно на одредбите од Законот за стечај, признавајќи и непостоечко побарување на фирмата КРАТЕР од Илинден, на сума речиси два и пол пати повисока од таа наведена во извршна постапка, и во рок пред самото отворање на стечајот, исто така спротивно на закон.

Речиси 80 годишниот Макревски, кој е меѓу првите стечајни управници во Македонија и познат по водење на постапките во Сведмилк, ТеТо, во Трансмет и други, пријавен е дека спротивно на одредбите нна законот за стечај признал непостоечко побарување, иако пред себе ги имал сите документи кои со извршна исправа покажувале дека побарувањето е 119.065.403 денари, а тој прифатил дека долгот е 280.760.353 денари.

Според кривичната пријава, фирмата Кратер од Илинден ја блокирала сметката на главниот должник Балкан груп кострашн, и на гарант платецот СИЗ ИНВЕСТ ГРУП и поднел пријава за стечај за сума од 119.065.403 денари и го предложил Макревски за привремен стечаен управник.

Судот на 16.09.2018 година отворил стечај и за стечаен управник го назначил Богољуб Макревски. На 21.10.2019 година, фирмата Кратер пријавила побарување од 280.760.353 денари, до стечаниот управник, кој иако знаел дека рокот за пријавување на парични побарувања е до 16.10.2019, Макревски го признал побарувањето и ја доставил пријавата до судот на 2.12.2019, со што ја злоупотребил службената положба и овластување и постапил спротивно на законот за стечај, кој предвидува сите побарувања настанати 90 дена пред отворање на стечајот да се оспорат и да се докажуваат во парница.

Стечајниот управник Макревски не ги зел во вид вештачењата од лиценцирани вештаци кои се изјасниле за висината на долгот за тоа што е вградено во објектот.

Кратер немал доказ дека опремата што била нарачана за потребите на објектите ГРАДСКА КУЌА, ОФИЦЕРСКИ ДОМ и хотел Мериот е нарачана, вградена ниту одобрена од сопственикот Балакн Груп Констракшн како што предвидувал договорот за изведување на машински инсталации на трите објекти, утврдено со договор од 2015 година.

Според член 145 од Законот за стечај, кој гласи: „Ако стечајниот доверител во текот на претходните 90 дена пред поднесување на предлогот за отворање стечајна постапка, или потоа со судско извршување или обезбедување, стекне некое разлачно или слично право над имотот на должникот што влегува во стечајната маса, тоа право престанува со отворањето на стечајната постапка“ Макревски сторил злоупотреба, признавајќи разлаќно право на сума двојно повисока од утврдената со извршна исправа.

Ако опремата не е вградена, ѕогаш не може да се бара нејзина наплата од инвеститорот, па со тоа гарант платецот не може да одговара за непостоечко побарување. Заклучок е дека стечајниот управник Богољуб Макревски со тоа што признал опрема која не е монтирана и се наоѓа кај други производители, му признал на доверителот КРАТЕР непостоечко побарување.

Од ОЈО Скопје се бара да го испита пријавениот Макревски, да се сослуша Сергеј Самсоненко како поднесувач на пријавата, а како докази да бидат пријавите и списите во стечајниот предмет и направените вештачења.

Стечајниот Макревски за тоа како го зголемил побарувањет за повеќе од двојно треба да одговори и пред стечајниот судија.