Тековни судења

Телефонот на Боки 13 го откри мебелот за Катица и парите од Дејан Пелистерка

објавено:


Вештачењето на телефонот на Бојан Јовановски, ја откри комуникацијата што ја имал со Дејан панделески и трансферите на пари што ги дал за подобрување на положбата на неговиот татко Цветан панделески во „Империја“, се покажаа сиките од мебелот што го одбрал за Катица Јанева, фискалните сметки за купена роба од над 148 илјади евра во Италија за само три дена на негово и на име на неговата мајка Јасмина Јовановска, за комуникацијата со фросина Ременски и пораки од Орце Камчев.

Обвинителството ги читаше пораките што ги имале Дејан Панделески и Бојан Јовановски на Вацап апикацијата, од која се заклучува дека во неколку наврати, газдата на „пелистерка“ му плаќа на Јовановски пари, за да му ја олесни позицијата на неговиот татко Цветан панделески во „империја“, пуштање од притвор и бвраќање на патната исправа.

Иако во истрагата за „Рекет“, Панделески не признале дека дале пари, податок што го кажа и Јордан Камчев во сведочењето, пораките од Дејан Панделески покажуваат и дека парите му се исплатувани во повеќе наврати, а во еден случај, Дејан Панделески му се извинува на Боки 13 што ќе му префрли само „петстотини“ бидејќи го блокирала Царината.

Дејан Панделески му ги испраќа сите барања од адвокатите упатени кон СЈО, му кажува дека Лиле Стефанова не дава согласност, го известува за друг трансфер од “петстони“ преку Тутунска банка кој ќе бил реализиран до 15 часот кога зборуваат во тековниот ден, а Боки 13 покрај „фала“ му вели „види и за другите“.

Овие пораки од телефонот на Боки 13 одат во поткрепа на тврдењето на обвиителката Лиле стефанова која рече дека Катица Јанева во „Империја“ повеќе се интересирала за Цветан Панделески отколку за Орце Камчев и барала од неа да се сретне со Дејан Панделески и да му објасни како стојат работите.

Екс вработен во 1ТВ претходно објаснуваше како почнала да се рекламира „Пелистерка“ на телевизијата, откако пуштиле најава дека ќе ги испитуваат минералните води во маркетите, а таков прилог никогаш не бил објавен.

Телефонот на Боки 13 ја откри и комуникацијата со фросина Ременски која се интересира кога ќе одлучува Апелација з „Империја“, потоа го соопштува советот на судии: Сафет Кадрии, Цветанка Периќ и Јани Нича, па зборуваат за тоа што прашувал Антонио Милошоски во собрание, а што одговарал Зоран заев и Ременска му кажува на Боки 13 да го гледа преносот од собраниската седница.

Сите разговори се водат во период крај на 2018 до мај 2019 година.

Обвинителството ги прикажа и сликите од мебелот што и ги пратил Боки 13 на Катица Јанева, со тект: „Одбрав. Пристигнато“.

Меѓу пораките беа и десетина помеѓу Јордан Камчев и Боки 13 каде што се договараат за средба и во кои Камчев му испраќа покани испратени до сведоци, со прашање: Нели ќе немаше покани?

Претходно, беа рикажани и снимки од камерите во домот на Камчев, каде што прво доаѓа Зоран милески, се задржува 2 минути и си оди, а кратко време потоа доаѓа со Боки 13, а потоа заминуваат со возилото, каде што Милески ја носи Луј Витон ташната во која биле спакувани милион евра.

Ова се случува на 20 февруари 2019 година, а само 3 дена подоцна, Бојан и неговата мајка Јасмина Јовановска биле во Италија и според фискалните сметки и барањето за враќање на таксите потрошиле 148.063 евра.

Парите се трошени за купување низ италијанските брендирани продавници, а на претходно судење кумата на Боки 13, судијката Мери Дика која била со нив призна дека такс-фрито се вратило на нејзино име, и како што тврдеше, станувало збор за незначителен износ!

Во телефонот на Јовановски има комуникација и со Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова, а овие и другите работи претставени во доказите ќе се изведуваат на утрешното судење.