Читајте и бидете наши сојузници во потрага по правдата
Читајте и бидете наши сојузници во потрага по правдата
Вести

Кацарска, по номинацијата за Уставен на ручек со колешка и полициски бодигард

објавено:


Добрила Кацарска која беше предложена за судија на Уставниот суд, набрзо по добивање на веста замина на ручек со една нејзина колешка и со обезбедувањето од МВР кое и натаму ја чува.

Сведок регистрираше дека Добрила Кацарска и Славица Андреевска дојдоа во еден од рестораните на кејот покрај Вардар, наспроти зградата на Уставниот суд каде што планира да влезе Кацарска и седнаа на терасата, а обезбедувањето од полиција остана да стои покрај нив.

Но, кога забележаа новинари, на Кацарска и на Андреевска не им се допадна позицијата, па побараа да бидат преместени во внатрешноста на објектот, но сепак, со поглед кон кејот.

Добрила Кацарска има полициско обезбедување уште од времето кога го судеше предметот за 27 април, упадот во собранието, кое е постојано со неа, а нема информација дали МВР направила нова безбедносна проверка, дали и натаму постои закана за Кацарска и од кого.

Славица Андреевска пак беше резервен, трет судија во предметот за насилствата во советот што го водеше Кацарска, а го судеше и предметот за нападот на Зијадин Села.

Од сите судии во Кривичен, Кацарска има блиска комуникација само со Андреевска, со која одат и на заеднички одмори.

Претпладнето Судски едногласно ја предложи за судија во Уставен, а треба да ја избере Собранието, каде што се очекува жестока дебата, бидејќи опозицијата ја обвинува за судење по нарачка, како и тоа дека ова и е награда за пресудите во „Тенк“, „Транспортер“, „27 април“ и други предмети.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на новинарското прашање за кандидирањето на Добрила Кацарска за Уставен судија вели дека сосема била јасна заслугата на Кацарска за да биде дел од уставниот суд.

-Сосема е јасна наводната заслуга на Добрила Кацарска за да биде дел од Уставниот суд. Уставобранителите се во затвор а криминалците се на слобода. Кацарска судеше и пресуди драконски казни за случајот „Тенк “ , „27 април “ потоа за процеси од СЈО а беше дел и од судскиот совет што го очисти Зоран Заев во предметот „Поткуп“ . Кацарска ја осуди Гордана Јанкуловска за мерцедесот во кој што се вози Заев а го осуди и Митко Чавков значи двајца министри за внатрешни работи од претходната влада. Сега мандатот во уставен треба да и е награда за испорачаното за потребите на мафијата. После овој предлог за Добрила Кацарска да биде дел и да има мандат во уставниот суд никој во оваа држава од власта нема право да убедува дека владата планира борба со корупција и владеење на правото, вели Стоилковски.