Вести

Разрешена екс в.д. претседателката на Кривичен Татјана Михајлова

објавено:


Судскиот совет на денешната седница ја разреши Татјана Михајлова, судијка на скопска единица, која беше вд претседател на Судот, по завршување на мандатот на Владимир Панчевски.

Судскиот совет, по жолчна расправа, утврдил дека Михајлова ја повредила постапката со тоа што и забранила на тогашната дежурна судијка Славица Андреевска, да постапи по 4 барања на сега поранешното СЈО кое барало наредби за претрес.

СЈО тогаш иницираше постапка против судијката Александра Поп Стефанија на која и биле дадени предметите, кои според СЈО не биле одлучени во рок од 12 часа, како што предвидувал законот, туку дури по 3 дена.Судски не соопшти дали ја продолжил постапката по таа претставка или некој иницирал нова.

СВЕДОК во тој период пишуваше дека се земени изјави од луѓето во судот, но Судски воопшто не се занимавал со вината на Михајлова, туку гледал дали Александра Поп Стефанија одлучила во законски определениот рок од 12 часа.

На СВЕДОК му е позната изјавата на судијката Славица Андреевска која била дежурна во тоа време. Таа потврдила дека била дежурна на 20.01.2017 година кога пристигнале четири барања за издавање наредби за претрес поднесени од СЈО, но Михајлова и забранила да ги работи предметите.

-По телефонскиот разговор со ВД претседателот Татјана Михајлова и било кажано дека нема и не смее да постапува по поднесените барања и дека таа ќе најде друг судија кој ќе постапува. Ова се случило по 19,00 часот и во судот пристигнала само судијата Елена Илиевска Јосифовиќ, додека во судот не била присутна судијата Александра Поп-Стефанија.

Судскиот дежурен службеник – Слободан К. во својата изјава за настанот од 20.01.2017 година навел дека во детали не се сеќавал дека, како заменик на неговата колешка Ј.С. бил повикан од судијата Славица Андреевска бидејќи пристигнал нов предмет. Кога се јавил кај судијата таа му побарала нареден број за нов предмет, по што тој го побарал поднесокот за да ги внесе податоците во АКМИСОТ и да даде нареден број. На тоа судијата му одговорила дека не може да му ги даде тие податоци, бидејќи никој не смее да ги гледа, по што му рекла дека може да си оди и тој го напуштил судот, а Славица Андреевска му рекла дека за ова ќе напише службена белешка.

На прашање на СВЕДОК, Претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, денеска не даде прецизен одговор дали Михајлова е разрешена само за оваа постапка, во случајот со Андреевска и барањата на СЈО или е утврдено дека има и други злоупотреби!

Како што рече Здравев, образложението ќе биде објавено и во Службен весник со мало анонимизирање.

Михајлова како адвокатка му пишуваше писма на Никола Груевски, обвинувајќи многу судии од скопските и штипските судови дека се корумпирани, вклучувајќи го и Стојанче Рибарев од Врховен, на кого му го предаде Кривичниот суд во водство

На тогашната расправа, Судскиот совет ја отфрлил претставката против Поп Стефанија, која предметите ги решила 12 часа откако и ги дала Михајлова, но претходно 48 часа стоеле нечепнати во Судот.

Лидија Каначковиќ која ја водела постапката тогаш барала да се отфрли претставката, додека Селим Адеми кој и сега е член, сметал дека треба да се извести дека претставката им е основана, но вината е кај судот, а не кај судијката Поп Стефанија, на која поднесеното барање во петокот и било дадено да го работи во понеделник, откако го завеле во уписникот во 11,06 часот.

Членовите на Советот кои воопшто не ја перцепирала наредбата на Михајлова предметите да не ги работи Андреевска, се прашувале дали предметите кои пристигнале во 16.05 (за нив во работно време) требало да ги работи Андреевска или да се распоредат кај друг судија во работа. Иако констатирале дека има вина на страна на судот кој го водела Татјана Михајлова, не нашле вина кај Поп Стефанија и со 10 гласа за и 2 против го известиле дека донеле одлука „нема вина кај судијката Поп Стефанија“.

Здравев денеска соопшти дека постапката се водела 2-3 години, а Михајлова ги избегнувала расправите на Советот, користејќи боледување.

Според сајтот на кривичниот суд сега Михајлова била распоредена на прекршоци. Претходно беше кривичен и судија на истрага, каде што во „дует“ со обвинителката Лиле Стефанова се споменуваа во многу контраверзни случаи.