Вести

Лидија Неделкова замина во историја - и Врховен го потврди нејзиното разрешување

објавено:


Врховниот суд на Македонија донел одлука со која ја одбил жалбата на Лидија Неделкова и го потврдил решението на Судскиот совет за нејзино разрешување, со што, таа и официјално се збогува со судиската функција.

Жалбениот совет во Врховниот суд, во кои мнозинство (5 од 9 члена се судии на Врховен)вчера донел одлука со која ја одбил жалбата на Неделкова и го потврдил решението за нејзино разрешување.

Со оваа одлука, Неделкова дефинитивно заминува „во историја“ збогувајќи се со судиската функција, на само 2 години пред нејзиното можно пензионирање.

Постапката против Лидија Неделкова ја покрена Јово Вангеловски, со кого не беше во добри односи, а тоа му дојде како добредојде на Судскиот совет да расчисти со Неделкова, која имаше амбиција пак да биде претседтелка на Врховен суд.

Неделкова не беше во добри односи ниту со сегашната претседтелка Беса Адеми, а ниту со голем дел од судиите, па имало проблеми во ждребувањето, кој 5 судии да влезат во Жалбениот совет.

Лидија Неделкова имаше екстра блескава кариера како претседателка на Кривичниот и Врховниот суд, кои ги заврши со разрешување.

Нејзиниот син, кој е правник, прво работеше во екс СЈО кај Катица Јанева, а сега е префрлен во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кај Вилма Русковска.