Тековни судења

Катица Јанева и Боки 13 завршија во Идризово, откако Апелација им ја потврди казната

објавено:


Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот моден гуру Бојан Јовановски, Боки 13, се префрлени на издржување на затворските казни во „Идризово“, откако скопска апелација им ги потврди казните, 9 години за Боки 13 и 7 години затвор за Катица Јанева.

Боки 13 беше спроведен вчера од куќен притвор во Идризово со упатен акт на судија на скопскиот кривичен суд, а Катица Јанева денеска, со налог на судија за извршување санкции од Гевгелија.

Гевгелискиот суд, вчера ја добил пресудата на меил, а како што објаснила другарката на Јанева, судијката Злата Попова, која до сега го водеше судот, веднаш формирале предмет и дале налог за носење во Идризово, иако адвокатката на Јанева, з некои медиуми глумела неинформираност и тврдела дека Јанева се спроведува без упатен акт во Идризово.

И Јанева и Боки 13, првите 30 дена ќе бидат во приемното одделение, а потоа Јанева во женскиот оддел, а Јовановски во полуотвореното одделение во машкиот дел на Идризово.

Првостепената пресуда која е потврдена во целост беше објавена во јуни лани, а Јанева и Јовановски од тогаш се во куќен притвор. Претходно, неколку месеци беа и во истражниот затвор Шутка, па имаат одлежано околу 1,6 години од казната.

Апелациониот суд во пресудата ја прифатил фактичката состојба што ја утрди кривичниот суд за земениот рекет за влијание во случајот „Империја“.

Апелациониот суд во Скопје претходно ја потврди и затворската казна за партнерот на Боки 13, Зоран Милески Кичеец во „рекетот“ и изнесувањето на ташната Луј Витон со парите од домот на Јордан Камчев, за што тој призна вина и беше осуден во посебна постапка.