Правни анализи

Спојувањето на Шпаркасе и Охридска направи хаос, десетици незадоволни клиенти

објавено:


Шалтерите на новата Шпарксе банка, која се спои со Охридска се полни со гневни и незадоволни клиенти, правни и физички лица, кои не можат да работат како досега, бидејќи новиот систем на кој досега работела Охридска, а сега имплементиран во Шпаркасе, укинал голем број на услуги кои до сега ги имаше во Шпаркасе, но ги немало во Охридска.

Иако директорите кои застанаа стокмени да се сликаат на спојувањето, најавија дека Шпаркасе ќе биде четврта банка на македонскиот пазар, во банката владее хаос, а клиентите главно негодуваат и најавуваат дека ќе ја променат банката.

На шалтерите секој втор е незадоволен, што укажува дека спојувањето, кое се најавуваше со месеци, го направиле преку ноќ, пред да ги усогласат работењата претходно и да одлучат, кои од услугите што ги нудела едната или другата банка ќе продолжат да ги нудат.

Дополнителен хаос направиле и со мешање на вработените од двете банки, префрлање во различни експзитури или од град во град, па не може никој да се косултира со никого како да најде некоја услуга или да праша дали е времено или трајно укината.

Најголемиот проблем се јавува кај правните лица, кои во новиот систем наметнат од Охридска се обезличени и за нив нема никаков податок за работењето во периодот пред 2021 година.

За обична, банална работа, да добиете копија од извод од сметка од 2020 година, или картица на коминтент, услуга што во Шпаркасе се добиваше за 10 секунди, сега е невозможна, бидејќи историјата на фирмите пред 1 јануари 2021 едноставно не постои!

Пластично, било која фирма која сака да покаже свое портфолио, тековно работење, евентуални плаќања или долгови во случај на спор, не може да добие никаков документ од Шпаркасе. Системот не ги препознава дека постоеле фирмите до пред 2021 година, а нема ни можност, тоа да се направи, да се добие од стариот систем на Шпаркасе, бидејќи го нема веќе, а на вработените им се лимитирани пристапите до многу опции што ги имаше претходно.

Укинати се и услуги како на пример, извод од тековна сметка од Централен регистар кој можеше да се извади преку банка, што беше олеснителна околност во фирмите, а за која вработените од Охридска прв пат слушаат дека можело така да се извади тековна состојба.

Со непрефрлање на базата на податоци, за ниту една фирма сега нема портфолио за работење, па дури, било која фирма што сака да аплицира за кредит на пример во Шпаркасе, каде што и се наоѓаат сметките, мора да донесе копии од документи, години наназад, бидејќи банкарските службеници немаат никаков увид за претходното работење.

Досегашните корисници на Охридска за секој проблем од експозитурите на Шпаркасе се препраќаат во старата центарла на Охридска, но никој не може да објасни, како ќе функционираат фирмата со серија укинати услуги кои се важни, а сето тоа направено преку ноќ и без никаква консултација со клиентите.

Според искуства на вработените, Шпаркасе банка до сега работела на многу посовремен систем од тој на Охридска, и на овој начин се вратени назад цела деценија, што го констатираат и самите клиенти, кои разочарано најавуваат мигрирање на сметки во други банки, во кои нема да има ваков хаос, како што се создае со спојување на двете банки и кој тешко дека за краток род би се вратил во нормала.

Пред 3 години во Шпаркасе банка беа ограбени сефови и упади во сметки на фирми и граѓани од кои беа украдени пари и вредни работи, но никој не беше обештетен, ниту пак банката по службена должност ги пријави упадите и празнење на сметките.