Тековни судења

Поднесено барање за изземање на обвинителката Лиле Стефанова од случајот „Плацеви на Водно“

објавено:


Адвокатите на Орце Камчев поднесоа барање за изземање на обвинителката Лиле Стефанова, откако во постапката за Плацевите на Водно се откри дека манипулирала со изјава на Никола Груевски и на тој начин грубо ги повредила правата на учесниците во постапката.

Во барањето за изземање на Стефанова, одбраната наведува;

Постои основано сомнение дека за Јавниот обвинител Лиле Стефанова обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје постојат околности кои предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност на основа на нејзиното досегашно постапување во текот на постапката по предмет КО.бр.113/20 на насловното јавно обвинителство.

Во конкретниот случај Јавниот обвиител Лиле Стефановска го води предметот познат како ,,Империја” кој се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје под КО.бр.119/19 познат во јавноста под име ,,Империја” за кој предмет постои правосилна судска пресуда со која лицето Катица Јанева како Јавен обвинител во поранешното СЈО е правосилно осудена за злоупотреба на службената положба во предметот ,,Империјакој предмет во тоа време , а и сега го води и застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Сега обвинетиот Јордан Камчев во таа постапка како сведок даде изјава во која директно се споменува Јавниот обвинител Лиле Стефанова во негативна конотација што дава основ за сомнение во непристарсност на истиот обвинител во оваа постапка во која за Јордан Камчев како петто обвинет се инститира на опстојување на мерка притвор од обвинителот Лиле Стефановска  иако ниту еден друг од обвинитетите не се наоѓа во притвор.

Иако се нудат валидни и аргументирани гаранции со вредност значително над евентуално спорниот износ во постапката која се води под КОК.бр.63/21 како Јавен обвинител постојано оди со негативни мислења за укинување на мерката притвор со неприфаќање и на медицинска документација од релевантни стручни лица од областа на медицината и изготвено медицинско вештачење за здравствената состојба на обвинетиот Јордан Камчев.

Сметаме дека овие околности укажуваат за реален основ за пристрасност на обвинителот Лиле Стефановска во оваа постапка каде смеаме дека таквата пристрасност доведува до лична нетрпеливост во однос на личноста на обвинетиот Јордан Камчев поради што се сомневаме и во нејзините дејствија кои ги преземала или презема во конкретниот предмет во кој се поднесува ова Барање за изземање.

Во конкретниот предмет за кој постои правосилна судска пресуда за непосредниот раководител на обвинителката Лиле Стефанова самиот обвинител Лиле Стефанова исто така е сослушан како сведок при што дава свои наводи кои се однесуваат и на сега обвинетиот Јордан Камчев со кои директно се опонира на исказот на Јордан Камчев од таа постапка што уште повеќе го зацврстува уверувањето на Јордан Камчев дека станува збор за пристрасно постапување од овој обвинител во конкретната постапка за која се поднесува ова Барање за изземање.

За да ваквото сомневање во пристрасноста на Јавниот обвинител Лиле Стефанова во конкретната постапка ќе дадеме наводи од нејзини дејствија кои сметаме дка како искусен Јавен обвинител не можела да не ги увиди при своето постапување , а имено :

Согласно на одредбите на ЗКП како јавен обвинител Лиле Стефанова донела Наредба за спроведување на истрага КО.бр.113/20 од 16.10.2020 година како посебна Наредба која видно од истата не се поврзува со било каква Наредба за спроведување на истрага во поранешното СЈО за овој предмет или како дел од Наредба во која се опфатени дејствијата на кривично дело од чл.273 од КЗ наведени во дипозитивот на обвинителниот акт во овој предмет.

 

Неспорен факт кој го констатира и кривичен совет на Основен кривичен суд Скопје по предмет КОК.бр.63/21 на главна расправа од 16.07.2021 година при донесување на Процесното Решение за судење во отсаство е дека лицето Никола Груевски подолг период е недостапен за органите на прогон на РС.Македонија.

Согласно на одредбите од чл.292 од ЗКП Јавниот обвинител истрагата ја започнува со донесување на Наредба за спроведување на истрага од обвинителството кога постапката се донесува за постапување во однос на кривично дело за кое е запретена казна над 5 години кои не потпаѓаат на одредбите за скратена постапка согласно ЗКП.

Со очигледно пристрасно постапување како застапник на обвинението, обвинителот Лиле Стефанова не ги применила императивните законски одредби од ЗКП кога во конкретниот случај на ден 12.05.2021 година поднела Обвинителен акт КО.бр.113/20 до Основниот кривичен суд во Скопје со приложување на попис на списи КО.бр.113/20 од 12.05.2021 година , а имено :

Од почетокот до завршувањето на истрагат започната со Наредба КО.бр.113/20 од 16.10.2020 година лицето Никола Груевски како еден од осомничените во постапката па се до поднесување на обвинителниот акт на 12.05.2021 година е недостапно на органите на прогон.

При предната состојба на работите Лиле Стефанова како Јавен обвинител морала да ја прекрати истражната постапка за лицето Никола Груевски со донесување на Наредба до престанување на причините согласно на одредбата од чл.300 ст.4 од ЗКП.

Напред наведената закоска одредба од чл.300 ст.4 од ЗКП е добро позната на обвинителот Лиле Стефанова , но сметаме дека истата поради своја пристрасност свесно постапила спротивно на истата со поднесување на конкретниот обвинителен акт за правната квалификација како кривично дело Перење на пари и други приноси од казниво дело по чл.273 од КЗ.

За обврската за прекин на постапката јасно укажува одредбата од чл.300 ст.1 алинеја 1 од ЗКП, според која Јавниот обвинител со Наредба ќе ја прекине истражната постапка ако осомничениот е во бегство или е недостапен на државните органи која одредба исто така е добро позната на обвинителот за кој се поднесува ова Барање за изземање во однос на која исто така не се придржувала при своето постапување во конкретниот предмет.

 

Имајќи во предвид  дека Јавниот обвинител Лиле Стефанова свесно не постапила согласно на наведените императивни законски одредби од чл.300 ст.1 алинеја 1 и чл.300 ст.4 од ЗКП сметаме истото е сторено поради нејзина очигледна пристрасност за водење на оваа постапка против обвинетиот Јордан Камчев со оглед дека постои пристрасно однесување кон истиот од постапката која се водеше против поранешната обвинителка Катица Јанева , а постапката не би можела да ја води ниту против обвинетиот Јордан Камчев со пректратување на истата во однос на лицето Никола Груевски.

Неспорен факт сметаме дека е познавањето од Јавниот обвинител на одредбата од чл.302 ст.2 од ЗКП според која пред Завршување на истражната постапка јавниот обвинител , ако тоа не го сторил претходно е должен да го испита обвинетиот која исто така е императивна законска одредба во фаза на водење на истражна постапка.

Ноторен факт за целокупната јавност е дека лицето никола Груевски е недостапен за органите на прогон од месец Ноември 2019 година со што по конкретната Наредба за спроведување на истрага КО.бр.113/20 од 16.10.2020 година донесена од обвинителот Лиле Стефанова  , лицето Никола Груевски до поднесување на обвинителниот акт неможело да биде сослушано како осомничен.

Фактот дека сега обвинетиот Никола Груесвки никогаш не е сослушан за оваа правна квалификација Перење на пари и други приноси од казниво дело по чл.273 ст.1 од КЗ во рамки на истражна постапка по Наредба за спроведување на истрага КО.бр.113/20 од 16.10.2020 година неможел ниту да биде покренат овој обвинителен акт како околност која укажува на пристрасно однесување на самиот обвинител Лиле Стефанова како потписник на обвинителниот акт.

На наведената околност за отсуство на услови за покренување на обвинителниот акт секако дека можел и требал да внимава Советот за оценка на обвинителниот акт , но сомнежот за пристрасно постапување од Јавниот обвинител Лиле Стефанова произлегува и од фактот што кон тој обвинителен акт доставила исказ за лицето Никола Груевски кој е земен под РО.бр.1282/15 пред Основно јавно обвинителство Скопје при што во својот попис на списи навела дека ваквиот исказ е земен во постапка водена под КО.бр.1282/15 со што можеби влијаела на доведување во заблуда на судот дека постои исказ за лицето Никола Груевски.

За да бидеме докрај коректни во изнесувањето на околностите за пристрасност на како образложение на ова Барање за Иззамање сакаме да укажеме дека неспорен е фактот дека лицето Никола Груевски има дадено исказ во врска со плацеви на Водно  пред Основно Јавно обвинителство Скопје по предмет заведен како РО.бр.1282/15 на ден 31.08.2015 година.

                                                                                          

Ваквиот исказ не може да има значење за обвинението против обвинетиот Јордан Камчев и други лица обвинети за правна квалификација од чл.273 од КЗ со оглед дека дејствија на сторување за истите се наведува период од 20.07.2015 година до 21.10.2015 година од каде јасно произлегува дека за конкретниот случај не можел да биде вршен распит на 31.08.2015 година за дејствија кои според самиот обвинител Лиле Стефанова од диспозитивот на обвинителниот акт се случиле по датумот на распитот како уште ден основ за потврдување за нејзината пристрасност во постапувањето во конкретниот случај.

Околност која секако е добро позната на обвинителот Лиле Стефанова , а која дава основ за сомнеж во нејзино пристрасно постапување е фактот дека Законот за Јавно обвинителство кој бил во сила во периодот на 2015 година година за правна квалификација по чл.273 од КЗ постои исклучива надлежност за постапување пред  Основно Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје согласно на одредбата од чл.31 ст.1 алинеја 4.

Според Законот за јавно обвинителство од 2007 година во важност во периодот на 31.08.2015 година кога постои некој распит на лицето Никола Груевски под РО.бр.1282/15 Основното Јавно обвинителство Скопје можело да постапува само по друга правна квалификација од КЗ во надлежност на Основното јавно обвинителство Скопје.

Околноста што распитот за лицето Никола Груевски пред Основното јавно обвинителство Скопје е водена под ознака РО.бр.1282/15 само укажува дека тоа можело да биде предистражна постпка која ознака како РО е исто така добро позната на обвинителот Лиле Стефанова што укажува повторно на свесно и пристрасно постапување од истата во конкретниот предмет.

На записник за главна расправа од 19.08.2021 година по предметот КОК.бр.63/21 пред Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител Лиле Стефанова произнесувај}и се за пописот на списи доставен кон обвинителниот акт даде навод дека станува збор за техничка грешка , но не даде образложение зошто таквата техничка грешка не ја доставила со исправка уште пред Совет за оценка на обвинителен акт кога била свесна дека станува збор за записник со назнака РО.број , како уште поголем основ за сомневање во нејзината пристрасност.

Распит на лицето Никола Груевски во предмет заведен во Основното Јавно обвинителство Скопје е извршен под Јавно обвинителска одлука РО што од друга страна значи дека таквиот распит е извршен во фаза на предистражна постапка , а не по донесување на Наредба за спроведување на истрага КО.бр.113/20 од 16.10.2020 година , поради што сметаме дека и од тој аспект ако не се утврдува тогаш во најмала рака се доведува под сериозен сомнеж до ниво на реално пристрасно постапување од обвинителот Лиле тефанова во конкретниот предмет со повреда на одредбите од чл.300ст.1 алинеја 1 , чл.300 ст.4 и чл.302 ст.2 сите од ЗКП.

Сметаме дека неспорен е фактот дека на обвинителот Лиле Стефанова е познат ставот на Врховниот суд на Република Северна Македонија според кој истражните дејствија започнуваат со донесување на Наредба за спроведување на истрага во кои не влегуваат извидните дејствија и дејствија превземени во претистражна постапка согласно одредбите од ЗКП.

Несомнено свесното постапување со поднесување на обвинителниот акт во услови кога за тоа не постоеле законски претпоставки согласно одредбите од ЗКП претходно наведени обвинителот Лиле Стефанова на записник за главна расправа КОК.бр.63/21 од 16.07.2021 година пред првостепениот судечки кривичен совет  даде Процесен Предлог за судење во отсаство на обвинетиот Никола Груевски согласно на одредбата од чл.365 ст.3 од ЗКП повторно неукажувајќи на судот за НАВОДНО техничката грешка во Пописот на списи која ја призна на главна расправа од 19.08.2021 година

Како застапник на обвинението во конкретниот предмет обвинителот Лиле Стефанова сметаме дека иако свесна дека во конкретниот случај не постојат законски претпоставки да може на обвинетиот Никола Груевски да се суди во негово ОТСАСТВО  во однос на правната квалификаца за сторено кривично дело Перење на пари и други приноси од казниво дело по чл.273 од КЗ опишани во т.1 на поднесениот обвинителен акт сепак истакна Предлог за судење во отсаство со што уште повеќе се зацврсти фактот дека истата постапува пристрасно како основ за нејзино изземање од оваа постапка.

Врз основа на сето напред наведено како бранители на обвинетиот Јордан Камчев од пристрасното постапување на обвинителот Лиле Стефанова се обраќаме до Вас како Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција како надлежен за одлучување на обвинителот Лиле Стефанова со следниот

 

ПРЕДЛОГ

 

Обвинителот Лиле Стефанова како Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради очигледна пристрасност во постапувањето по предметот КО.бр.113/20 на обвинителството да биде изземена од постапување во конкретниот предмет , а постапувањето да биде распоредено на друг обвинител од обвинителството со кое раководите. наведуваат адвокатите на Камчев во барањето за изземање на обвинителката Лиле Стефанова.