Информации

Одбраната на Камчев бара одговор зошто Стефанова и натаму останува обвинител во „Плацевите“?

објавено:


Зошто и покрај доказите за сторено кривично дело и пристрасно постапување Лиле Стефанова останува обвинител во ,,Плацевите на Водно’’, прашува одбраната на Камчев во јавно обраќање испратено до медиумите.

Во текстот наведуваат:

-Со поднесена кривична пријава од страна на одбраната на г-динот Камчев, цврсто поткрепена со докази кои го потврдуваат сомнението за сторено кривично дело Несовесно работење во службата по чл.353-в ст.2 вв чл.45 од Кривичниот законик и едно кривично дело Поднесување лажни докази по чл. 366-а од Кривичниот Законик, како и со поднесено Барање за изземање, исто така поткрепено со докази кои утврдуваат пристрасност и личен анимозитет кон г-динот Јордан Камчев, кој не се ни обидува да го сокрие, обвинителката Лиле Стефанова, останува обвинител, застапник во случајот ,,Плацевите на Водно’’.

Имено, Кривичната пријава за Несовесното работење во службата на јавниот Обвинител Лиле Стефанова и Поднесувањето на лажни докази, кое беше признато и од лично од неа, но со именување на истото како ,,техничка грешка’’ , се однесува на доказ, Записник за испитување на осомничен Никола Груевски КО.бр.1282/15 ОД 31.08.2-15 година на ОЈО Скопје, свесно прикривајќи дека станува збор за Записник за распит на лицето Никола Груевски составен во предистражната постапка под РО.бр. 1282/15 пред ОЈО во Скопје за друга правна квалификација.

Овој фалсификуван, подметнат доказ, обвинителката Стефанова го користи во предметот ,, Плацевите на Водно’’ и на судот кој го оценува актот практично му го подметнала доказот како записник составен под КО. број 1282/15 иако била свесна дека станува збор за обвинителска ознака под РО. Бр 1282/15  што има сосема друго значење во јавно обвинителската евиденција на предмети и е практично невозможно да дојде до забуна. За овој подметнат доказ тројцата судии кои го ценеле – најверојатно без да го отворат предметот го потврдиле актот. 

Барањето за изземање на јавниот обвинител Лиле Стефанова како обвинител од случајот ,,Плацевите на Водно’’ , се однесува на јавниот прикажан личен анимозитет кој го има обвинителката кон г-динот Камчев што резултира со пристрасност при нејзиното досегашно постапување во случајот и видлив судир на интереси помеѓу обвинителот и обвинетиот, во случајот г-динот Јордан Камчев.

За одбраната на г-динот Камчев, но и за целата јавност останува нејасно и зачудувачки дали воопшто постои некаде во светот ваков тип на правосуден систем кој дозволува и остава простор за такви манипулативни, задкулисни и скандалони сценарија.

Зошто покрај прецизни, утврдени и јавно докажани докази и за Кривичната пријава за обвинителката Стефанова и за Барањето за нејзино изземање, Јавната обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во случајот Вилма Рускоска, истите експресно ги одби и покрај сите контраверзности,  како застапник на обвинението во случајот ,,Плацевите на Водно’’ ја задржа Лиле Стефанова- прашуваат адвокатите на Камчев во реакцијата до јавноста.