Информации

Битолскиот обвинител Јолевски на чело на Советот на јавни обвинители

објавено:


Битолскиот обвинител Антонио Јолевски го замени досегашниот Ацо Колевски и тој ќе го води Советот на јавни обвинители во наредните две години. Немало друг пријавен кандидат за претседател.

Јавниот обвинител Антонио Јолевски, на функцијата член на СЈО дојде од Основното јавно обвинителство на Битола. Во 1983 година се вработил во Окружен суд Битола, каде бил приправник и раководител на писарницата. Од 1996 распореден во Апелациониот суд Битола како стручен соработник и судски советник, а од 2002 година како раководител на сектор – секретар на судот. Во 2003 година е избран за заменик Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола. Во 2012 година е избран за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола. Од 2018 како јавен обвинител во ОЈО Битола. Во 2020 година е избран Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.