Свет

Како клучниот сведок од нападите во Париз се најде во опасност?

објавено:


Три месеци по полициската акција што се случи на 18 ноември во која во стан во париското предградие Сен Дени, беше убиен координаторот на крвавите напади од 13 ноември,  Абделхамид Абауд, а неговиот соучесник Шакиб Акру и братучетката Хасна Булахчен се разнесоа со бомби, сведокот кој помогна да бидат лоцирани реши да проговори за медиумите.

На 4 февруари млада жена, позната во медиумите под името Соња за БФМ ТВ и РМЦ сосема случајно откри дека таа веќе претходно разговарала со истражителите. 

На 16 ноември овој клучен сведок се јавил на бројот 197 за пријавување можни напади, а потоа бил сослушан од антитерористичкиот оддел. Младата жена изјавила дека Хасна Ет Булахчен, ден пред акцијата, добила повик во Белгија во кој нејзиниот братучед побарал помош од неа.

Двете девојки излегле заедно во местото Обервил каде што се појавил Абделхамид Абауд. Тој побарал од неговата роднина да му помогне и да му најде сместување каде што ќе може да подготви нови напади. Сведочењето на Соња помогнало да се лоцира терористот.

По нејзината изјава, младата девојка била заштитена од полициските служби: престојувала во три хотели пред конечно да биде сместена во друг оддел. Но, нејзиното име се појавило во процедурите достапни за целата јавност, меѓу кои и некои медиуми со што била загрозена нејзината безбедност.

 - Јасно е дека е во опасност, рекол полицискиот извор. Ако младата девојка зборува за медиумите, тоа е затоа што смета дека е успешно заштитена од државните слуби, оценил истиот извор.

- Не можам ниту приближно да кажам дека мојот живот е едноставен. Јас немам повеќе живот. Немам социјален живот, немам работа, немам пријатели. Немам веќе и  семејство. Отсечена сум од светот. Се чувствувам загрозено, се чувствувам напуштено, изјавила „Соња“ за БФМ ТВ и за РМЦ, при што нагласила дека не добила ништо од ветеното, вклучувајќи ја и финансиска помош.

Се појавија сомневања на сметка на сведокот. Зошто младата девојка повеќе не е заштитена од државата?

Денеска во Франција не постои програма за заштита на сведоци како што постои за покајници, објаснуваат од министерството за внатрешни работи. Единствената опција е сведочењето на Х, предвидено со членот 706-58 од Законот за кривична постапка. На ова сослушување на 16 ноември, сведокот се појави со вистинскиот идентитет.

- Сведочењето под назив Х се користи да се охрабри седокот кој се плаши да зборува, обично на негово барање. Инаку, сите би барале да сведочат анонимно, велат од националната полиција.

Сведочењето на Соња беше спонтано. Дали полицијата требаше да ја заштити нејзе од  самата себе?

- Во моментот кога го завртела бројот за тревога, таа веќе се идентификувала како личност од приказната. Девојката е единствената поврзана со фактите за кои сведочи- вели извор близок до истрагата. Излегува дека на почеток полицијата била делумно сомничава со задршка за нејзиното тврдење: за описот даден за Абделхамид Абауд кој излегол од грмушка каде минал три дена не само што не ги сметаа за кредибилни, туку и се плашеа дека е стапица. Недовербата која ќе ги води по повикот на Соња ќе ја компромитира нејзината анонимност.

На повтореното сослушување на 19 ноември, овој пат под полициска заштита, таа не ја крие вознемиреноста. Не ви верувам повеќе, им рекла на истражителите.

На прашањето дали имаш нешто да додадеш? Таа одговорила: се плашам.

Oсудена да живее три месеци затворена, младата жена побарала да добие лажен идентитет и да го обнови својот живот. Но за оваа можност, гарантирана со декрет од 17 март 2014 година за сведоците и нивните семејства, се уште не постои одредба според француското право за овој вид сведоци.

- Правниот систем јасно потфрла во овој поглед, вели полициски извор.  Случајно, со предлог реформата за Законот за кривична постапка презентирана во средата, предвидено е да се корегира пропустот. Членот 6 предвидува „заштита на сведоци изложени на сериозен ризик од одмазда слична на онаа што се применува за покајниците, која вклучува и лажен идентитет“.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернард Казенов, во интервју за Европа 1 во четвртокот, ја бранеше постапката на неговите служби, додека го нападна медиумското покривање на сведокот.

- За разликаод оние кој зборуваат, јас имам одговорност. Не треба да се открие животот на таа личност. Мислам дека во овој контекст екстремно ја искомпликувавме работата-, изјави министерот.

Додека неговите служби неколку дена се обидуваа да ги разубедат РМЦ и БФМ ТВ да го емитуваат сведочењето на Соња, девојката во четвртокот ја доби првата финансиска рата. Претпладне, обвинителството во Париз соопшти дека отвора истрага против РМЦ, БМФ ТВ и Д Поинт „за прекршување на доверливоста на истрагата, помагање во прекршување на доверливоста на истрагата и загрозување на живот на други лица“.

Во текстот објавен од новинарот на Поит на 20 ноември особено го потенцира број еден индикаторот за неутрализација на Абелхамид Абауд. Париското обвинителство на 27 ноември отвора прелиминарна истрага по објавувањето на извадоци од сведоењето на овој сведок во неделникот.

 

Извор: lemonde.fr