Балкан

Елитна проституција на јахти: викенд аранжман за 4.000 евра

објавено:


Хрватската полиција разби ланец на елитна проституција која се одвивала на поширокото подрачје на Задар. При опсежната операција уапсени се 13 лица на возраст од 22 до 54 години од кои седум проститутки.

Триесетгодишна жена од подрачјето на Задар, се смета за главна подведувачка. Таа заедно со тројца мажи добила кривична пријава за проституција, затоа што организирала давање сексуални услуги на уште шест други девојки.

Против девојките се поднесени прекршочни пријави. Тие најчесто давале сексуални услуги на јахти, а понекогаш и во изнајмени станови во Задар. Притоа наплатувале од 1500 до 5.000 куни (200 до 500 евра) зависно од бараната „услуга“.  

Освен за проституција, дел од 13 уапсени се товарат и за набавување кокаин, а подведувачката со 36 годишна жена се обвинети и за помагање во илегално преминување на граница на 38 годишен државјанин на БиХ.

За проституцијата на јахти пред извесно време пишуваше хрватски Експрес, при што во текстот беа пренесени искуства на девојка која учествувала во оргии организирани на јахти на подрачјето од Задар до Дубровник.

-Девојката која ми зборуваше за тоа искуство се претставува како студентка по економија, на возраст од околу 26 години, темна коса, со не премногу бујни гради, но со големи очекувања од младешкиот живот, раскажува авторот на текстот.

Бринетата се занимавала со проституција од дваесетата година, а при тоа како што вели имала среќа да налета на „добри клиенти“. Многу други девојки заглавиле во пеколот на дрогата или меѓу посесивни сводници, а често упаѓале и во криминалното миље. Новинарот на Експрес го водел разговорот со проституката непосредно по враќање од едно патување со јахта.

На бродот, како што раскажува девојката, бил директор на локална компанија со негови бизнис партнери. Се усидриле во еден осамен залив, меѓу пусти острови. Патот, како што раскажува проститутката, секогаш бил доволно долг за да имаат време присутните да се запознаат. За тоа патување кое траело од петок попладне до недела наутро добила 2.000 евра.

-Просечната заработувачка за викенд аранжман изнесува од 3500 до 4000 евра, но кога има повеќе девојки, како овој пат, а се работи за ден и пол, две илјади евра, се прифатлива сума, раскажува проститутката.

Таа открива дека цените на пазарот горе-долу се стандардизарани. Секс со двајца чини 400 до 500 евра, цела ноќ во хотел со еден маж минимално чини 1.000 евра, со двајца 2.000 евра, а дополнителни услуги се наплатуваат плус по 150 евра, а може и многу повеќе за орален и анален секс, сексуални помагала или невообичаени желби.

Девојката раскажува дека во Загреб дошла кога имала дваесет години од нејзиното родно мало место во близина на Шибеник. Имала намера да студира економија. Татко и бил морнар, а мајка и медицинска сестра. Била трето од петте деца во семејството. Нејзината приказна не е тажна. Потекнувала, како што вели од ситуирано, традиционално и хармонично семејство, а ова што го работи го смета за чист бизнис.

Во елитната проституција влегла случајно. Во монденски локал во Загреб запознала машко друшство со кое се гледала неколку викенди по ред. Еден од нив ја поканил на забава со неговите пријатели, а потоа и станал макро.

-Не ме малтретира. Секогаш ми наоѓа врвни клиенти, најчесто бизнисмени. Кога прв пат ми предложи да одам со него и со неговите пријатели на викенд не бев сигурна дали сака само забава или за тоа ќе ми плати, па го прашав директно.

Тој се изненади, затоа што девојките најчесто се прават наивни, за на крај да награбосаат затоа што не знаат да се постават, па се согласуваат на се и сешто, раскажува бринетата.

Викенд забавите на јахтите или во викендите, како што вели девојката, се специфични.

- Мене особено ми се драги таканаречените „гажи“-доаѓаш, одработуваш и си одиш. Повеќедневните дружења се позахтевни. Секогаш многу се пие, се јаде, има многу дрога, гласна музика... На бродот се пушта музика до максимум за да не се слуша што се прави во собите во потпалубата затоа што имало ситуации кога на бродовите имало и жени, бизнис партнерки, пријателки, што од некои причини се важни на организаторите. Тие се забавуваат како дел од екипата, но мажите внимаваат пред нив да не изведуваат ништо. Интересно е тоа што нив се им е јасно, само што се прават дека не гледаат. Тие забави се најлоши. Најчесто тие жени нас не гледаат „од високо“. Смешно ми е затоа што не знаат дека заработувам двојно повеќе од нив, вели девојката и додава:

-На тие места се прават милионски договори, се купуваат политичари, сум се изнагледала се и сешто. Мислат дка сум глупава, дека не сфаќам дека станува збор за државни фирми, за наши пари. Неверојатно, вели девојката од јахтата.

Таа тврди деа има многу муштерии кои хрватската јавност добро ги знае.

-Најдарежливи се градежните бизнисмени и директорите на големи компании. Политичарите главно немаат многу пари, нив најчесто ги честат овие претходните. Политичарите се најдосадни клиенти. Еден ми раскажуваше за економската програма на неговата партија. Бог да чува.

Спортистите се најлоши од сите. Груби се, незгодни, вулгарни, немаат граници и мислат дека за своите пари можат да добијат баш се што ќе посакаат. Се дрогираат повеќе од сите други, секогаш имаат кокаин со себе, барем тие што имав можност да ги видам. Спортистите сакаат девојки од Србија и Црна Гора.

Србинките се разуздани и со нив секогаш има добра забава. Хрватките се држат резервирани до самиот чин и постојано гледаат дали некој ги снима со телефон. Некои девојки се зезнаа затоа што паралелно со ова градеа кариера како модел, пеачка, актерка, хостеса, водителка.. А тоа не оди заедно, раскажува девојката.

Во Хрватска во моментот е актуелно само едно големо судење за организирана проституција на јахти. Главен актер во процесот е Слободан Дубајиќ Даби (61) некогаш познат како тренер на боречки вештини во Загреб. За време на војната се преселил во Белград и таму отворил јавна куќа во која чести гости биле прилично сомнителни типови, убијци, воени злосторници и слично. Сега во Хрватска му се суди за дело од 2007 година кога со 50 годишен жител на Задар бил уапсен поради сомневање дека организирал елитна проституција на шестнаесетметарска јахта во Биоград.

Со соработникот барале девојки за Италијани кои за „дружење“ плаќале по 4.000 евра.Една од уапсените девојки во акцијата, А.М. од БиХ, студирала во Загреб, зборувала перфектно четири странски јазици и со заработката од проституцијата си ги плаќала студиите.

Српските медиуми очекуваа дека од црниот тефтер на Дубаиќ ќе почнат да се откриваат во јавноста имиња на клиенти, но и на девојките кои денес се славни телевизиски водителки или пеачки. Сепак такво нешто не се случи. На судењето освен Дубаиќ не се појавил ниту еден од шестмината повикани сведоци.

Полицијата пресметала дека тој од елитна проституција заработил 1.8 милиони куни (250.000 евра). Подоцна бизнисот го префрлил од јахти во загрепските хотели каде што на рецепционерите за секоја нарачана девојка им давал по 50 евра.

За искуствата на јахтите во друг судски процес од 2011 година сведочела со свој исказ и извесна Сара С:

-Не повикаа на пристаништето во Трогир. Таму не пречекаа двајца. За секс со тројца ние две добивме 2.000 евра. Месец дена подоцна, на повик на истиот, повторно отидовме на јахта во пристаништето во Каштел Гомилица..., раскажува таа.

Томислав К. Кој своите искуства како жиголо јавно ги раскажал во книгата „Враќање на хрватскиот жиголо“ вели дека искуствата од јахите му се најдраги.

- Работата со која се занимавам не е толку убава како што мислат луѓето, но кога ќе отидете на море, тоа е сепак врв на задоволството, открива момчето.

Во своите „акции“ како што ги нарекува оргиите во книгата, се нагледал се и сешто. И тој, во светот на проституцијата наишол на лица од екраните, на моќни и угледни, славни... Некои од нив биле токму негови клиентки.