Свет

Саркози ќе одговара на суд за финансирање на изборната кампања

објавено:


Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози мора да одговара на суд поради истрагата во врска со финансирањето на изборните кампањи, пишуваат медиумите во Франција.

На Саркози, кој се повлече од политичкиот живот во ноември, по неуспехот на изборите во партијата пред претседателските избори годинава, ќе му се суди за наводно фалсификување финансиски документи. Тој е обвинет поради прекумерното трошење на средства и надминување на законскиот максимум од 22,5 милиони евра, што тој постојано го негираше.

Обвинителството во Париз побара во септември да се покрене кривична постапка против поранешниот француски претседател. Обвинителството потоа побара од истражниот судија да го испита Саркози и 13 други лица поврзани со случајот.

Според одлуката на судијата од петокот, сите 14 обвинети ќе треба да одат на суд, според извори од француското судство. Саркози во 2012 година изгуби на изборите од Франсоа Оланд, кој оваа година нема да се кандидира.