Свет

Романците остануваат на улиците - упатија ново барање до Владата

објавено:


Над половина милион Романци продолжија да протестираат против Владата, а многумина побараа колективна оставка, иако беше повлечена уредбата за корупција која предизвика гнев во јавноста.

Премиерот Сорин Гриндеану не го промени својот став, велејќи дека неговата влада, која е формирана пред само еден месец, „има одговорност кон луѓето кои гласале за неа“, и дека нема да даде отказ.

Последните седум ноќи поминаа во масовни протести во градовите низ земјата, а се најголемиот излив ја гнев на јавноста, откако беше симнат од власт комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску во 1989 година.

Причината за протестите е итен декрет кој Владата го усвои минатиот вторник, со која се ублажуваат антикорупциските мерки во втората најсиромашна држава во Европската унија.

Во неделата, кабинетот на Гриндеану го повлече декретот, но не успеа да ги смири протестантите, кои ја поминаа и таа ноќ на улиците скандирајќи: „Оставка! Оставка“.

Демонстрантите сега бараат оствака од социјалдемократската влада и предвремени парламентарни избори.