Балкан

Тројца министри, 17 пратеници и 16 судии под обвиненија за злоупотреби во Романија

објавено:


1300 функционери во Романија лани завршија на суд за корупција, објави денеска главната обвинителка за борба против корупцијата Лаура Кордута Ковеси, објави романскиот портал Stirile Pro TV.

Ковеси, која минатата година ја посети Македонија и се сретна со обвинителките на СЈО, како и со републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, објави дека вкупната штета за која се товарат обвинетите се проценува на над 260 милиони евра.

Тројца министри, 17 пратеници, 16 судии и 20 владини претставници беа под лупа на Романската агенција за борба против корупцијата.

Деновиве, националната агенција за борба против корупцијата истражува околу 2100 случаи на злоупотреба на службената должност, а многу од нив се за актуелни политичари - додаде Ковеси.

Обвинителката Ковеси изјави дека сака нејзината Агенција да себори против корупцијата, но дека таа борба мора да биде придружена со стабилна законска и институционална рамка, додавајќи дека еден од четтворицата обвинители на Агенцијата се на суд поради злоупотреба на службената положба.