Истраги

За притворот на Кочан повторно ќе одлучува судијката на претходна постапка

објавено:


Основниот суд Скопје 1 соопшти дека Кривичниот совет го укинал решението на судијката на претходна постапка Даниела Димовска и предметот за притворот на Сеад Кочан го вратил на повторно одлучување.

Во судското соопштение се вели: 

-Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во состав судија Моника Бахчовановска - претседател на советот и судиите Љубинка Башеска и Весна Костова Спасеска - членови на советот, постапувајќи по жалба на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) изјавена против решение на судија на претходна постапка, донесе решение со кое по повод жалбата на СЈО, а по службена должност, решението на судијата на претходна постапка КПП бр. 144/17 од 02.03.2017 година, го укина и предметот го врати на судијата на претходна постапка на повторно постапување и одлучување поради суштествена повреда на одредбите од член 415 ст 1 т 11 од ЗКП.